Бузане — археолошко наоѓалиште во Тетово. Претставува населба од доцноантичкото време. Наоѓалиштето е случајно откриено при извршување на земјени работи за изградба на приватна куќа, каде биле откриени темели од објекти, фрагменти од керамички садови, питоси и градежен материјал. Слични остатоци имало и во соседните дворови.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Бањиче — населба од доцната антика; Горно Теќе — населба од римско време; Дреноец — населба од доцна антика; Исар — градска населба од доцна антика и среден век; Св. Петка — населба од римско време; Тетово — осамен наод од доцна бронѕа; Ул. „Браќа Миладиноци“ — населба од римско време; Ул. „ЈНА“ — населба од римско време; Ул. „Штипска“ — гробница од раната антика.
Наводи
Категорија:Археолошки наоѓалишта во Тетово