Бигор Слатински — археолошко наоѓалиште во тетовското село Теарце. Претставува населба од доцноантичкото време. Се наоѓа на околу 500 м западно од селото во локалното популарно место Бигур, каде со земјоделските работи во нивите сопствениците откриле темели од ѕидови на повеќе објекти. На површината има голем број фрагменти од керамички садови, питоси и грамади од градежен материјал. Во 1954 година било извршено заштитно ископување.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Градиште — населба од доцната антика; Железничка Станица — населба од римско време; Марена — населба и црква од римско време и среден век; Црквиште — црква и некропола од средниот век; Наводи
Категорија:Теарце