Соколец — археолошко наоѓалиште во гостиварското село Калиште. Претставува утврдена населба од железнот и доцноантичкото време. Се наоѓа на околу 1 км југозападно од селото, на широко плато со пад кон исток, во непосредната близина на една голема карпа, каде се среќаваат фрагменти од керамички садови и градежен материјал.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Црква — средновековна црква и некропола; Орман — рударска неселба и топилница од доцноантичко време; Мемски Гробишта — средновековна некропола; Стојанов Камен — средновековна црква и некропола;

Наводи

Категорија:Калиште