Лекари без граници (француски: Médecins sans frontières, англиски: Doctors Without Borders) — меѓународна, хуманитарна, невладина организација која им овозможува медицинска помош на жртвите на војни, епидемија или природни и вештачки катастрофи. Освен тоа, таа им нуди помош на сите оние на кои медицинската помош им е ускратена или тешко достапна поради географската оддалеченост, сиромаштијата или етничка, политичка и која било друга маргинализација. Познати се по своите проекти во земји, во кои се водат војни и во земји во развој, кои се соочуваат со ендемски заболувања.

Организацијата ја основале група француски лекари на 20 декември 1971 година. Ширум светот е позната под своето име на француски јазик, Médecins sans frontières или скратено — MSF. Седиштето на организацијата се наоѓа во Женева, а во 20 држави постојат нејзини претставништва.Лекари без граници , проверено на 21 февруари 2008.

Секоја година околу 3000 лекари, медицински сестри, санитарни стручњаци и други медицински и немедицински лица одат на различни задачи ширум светот. Од друга страна пак 1000 луѓе со постојано работно место, работат на ангажирање на доброволци, обезбедување финансиски средства, итн. Приватните дарители обезбедуваат приближно 80 % од финансискиот фонд на организацијата, додека остатокот го донира власта и корпорацијата. На тој начин се формира буџет кој годишно изнесува околу 400 милиони американски долари.Forsythe, David P. (2005) The Humanitarians: The International Committee of the Red Cross, Cambridge University Press. ISBN 0-521-61281-0.

Организацијата „Лекари без граници“ делува во преку 70 земји, каде обезбедуваат примарна здравствена заштита, извршуваат оперативни зафати, го вакцинираат населението, го обучуваат персоналот во болниците и амбулантите, спроведуваат разни санитарни и прехранбени програми, го обучуваат месното население, и сл. Во 1999 година, добиле Нобелова награда за мир,Нобелова награда за мир, проверено 21 февруари 2008, а три години порано и Награда за мир во Сеул.

Формирање на организацијата Бијафра мини|десно|180п|Неисхрането дете во Нигерија За време на Граѓанската војна во Нигерија (1967 — 1970), војската направила блокада околу регионот во југоисточниот дел на земјата, попознат како Бијафра. Во тоа време, Франција била најголема држава која ја поддржувала Бијафра, додека Велика Британија, Сојузот на Советските Социјалистички Републики и САД застанале на страна на нигериската влада. Тогаш голем број на француски лекари доброволно се пријавиле во Црвениот крст, со желба да работат во болници и во центрите за исхрана на населението во околниот регион. Црвениот крст барал од нив да потпишат согласност, односно договор, кој требало да обезбеди неутралност на оваа организација без разлика на околностите на теренот.

Откако влегле во Бијафра, доброволците биле изложени на постојани напади од нигериската војска и биле сведоци на изгладнувањето и убивањето на цивилното население кое се наоѓало во блокираното подрачје. Затоа лекарите јавно ја критикувале нигериската влада во Црвениот крст. Исто така заклучиле дека е потребна нова организација за помош, која ќе ги игнорира политичките и религиските граници, и која ќе биде приоритет исклучиво за подобрување на животот на жртвите.Bortolotti, Dan (2004). Hope in Hell: Inside the World of Doctors Without Borders, Firefly Books. ISBN 1-55297-865-6. Сепак постојат тврдења дека големиот напор за да му се овозможи помош на населението на Бијафра, бил поради претпоставките дека таму се врши геноцид и дека продолжува војната, па притоа ќе имало и многу непотребни жртви.Alex de Waal, Famine Crimes: Politics & the Disaster Relief Industry in Africa, African Rights and the International African Institute, 1997.

Формирање Француските лекари кои работеле во Бијафра во 1970 година формирале Групa за итнa медицинскa и хируршкa интервенцијa (франц. Groupe d'Intervention Médicale et Chirurgicale en Urgence), која за цел имала да обезбеди помош, но и да истакне дека правата на жртвите со важни. Во исто време, Ремон Борел, уредник на француското списание „Тонус“, формирал група наречена Француска медицинска помош (франц. Secours Médical Français), поради циклонот кој таа година усмртил најмалку 500.000 луѓе во Источен Пакистан (денешен Бангладеш). Борел имал намера да ги регрутира лекарите кои ќе обезбедат помош на жртвите на природни катастрофи. На 20 декември 1971 година овие две групи се соединиле во една организација наречена Лекари без граници (ЛБГ).

Основачи на организацијата биле:La création de Médecins Sans Frontières, octobre 2004. , пристап 26 октомври 2007Marie-Édith Alouf: Médecins sans frontières - une histoire d’aventures, проверено на 26 октомври 2007 д-р Марсел Делкур (фр.Marcel Delcourt), лекар по општа пракса д-р Макс Рекамије (фр.Max Recamier), оториноларинголог д-р Жерар Пижон (фр. Gérard Pigeon), лекар и пожарникар д-р Бернар Кушнер (фр. Bernard Kouchner), лекар и политичар д-р Савијер Емануели (фр. Xavier Emmanuelli), лекар и политичар. д-р Жан Каброл (фр. Jean Cabrol), хирург д-р Владан Радоман, хирург и книжевник д-р Жан-Мишел Вил (фр. Jean-Michel Wild), хирург д-р Паскал Грелети-Босвије (фр. Pascal Greletty-Bosviel), лекар на општа пракса д-р Жак Бере (фр. Jacques Bérés), хирург ортопед д-р Жерар Илиуз (фр. Gérard Illiouz), пластичен хирург Филип Берније (фр. Philippe Bernier), списание „Тонус“ Ремон Борел ( Raymond Borel), списание „Тонус“.

Прва мисија thumb|right|300px|Држави во кои Лекарите без граници имаат мисии. Првата мисија на оваа независна организација била во градот Манагва, во престолнината Никарагва, каде на 23 декември 1972 година земјотрес уништил поголем дел од градот и усмртил помеѓу 10 000 до 30 000 луѓе.Camilo, V (1974). The Earthquake in Managua, The Lancet (Correspondence) 303 (7845): 25–26 Организацијата која денеска е позната по брзата реакција во вакви и слични ситуации, стигнала три дена откако Црвениот крст ја воспоставил својата мисија. Две години подоцна, ураганот Фифи помеѓу 18 и 19 септември 1974 година предизвикал големи поплави во Хондурас и усмртил неколку илјади луѓе, а ЛБГ во таа прилика ја воспоставиле својата прва долготрајна мисија за обезбедување на медицинска помош.Chronologies: Années 70 , проверено на 10 јануари 2006

Помеѓу 1975 и 1979 година, откако Јужен Виетнам го нападнал Северен Виетнам, милиони луѓе од Камбоџа, избегале во Тајланд за да ги избегнат Црвените Кмери. Како одговор на тоа, ЛБГ организирале камп за бегалци во Тајланд. Кога Виетнам во 1989 година се повлекол од Камбоџа, ЛБГ започнале долготрајна мисија со цел да им се даде помош на преживеаните од масовните убивања и да се реконструира државниот здравствен систем.Cambodia's second chance , проверено 10 јануари 2006 Иако ова ангажирање во Југоисточна Азија било нивната прва мисија за време на војните, првата мисија во вистинска воена смисла која подразбирала и излагање на непријателскиот оган, почнала во 1976 година во Либан за време на Либанската граѓанска војна. ЛБГ девет години (1976 — 1984) им помагало на хирурзите и болниците во разни либански градови и тогаш стекнале добра репутација поради својата неутралност и спремност да работат за време на борби. Тие им помагале и на христијаните и на муслиманите, во зависност од тоа на која група ѝ е потребно помош во тој момент. Сепак организацијата во 1984 година ги повлекла своите доброволци бидејќи ситуацијата во Либан многу се влошила, а безбедноста на ЛБГ-групата била сведена на минимум.MSF in 1976: Lebanon , проверено на 10 јануари 2006.

Ново водство Во 1977 година за претседател на Лекари без граници е избран Клод Малуре, и набрзо после тоа почнале дебати за иднината на организацијата. Конкретно, Малуре и неговите соработници се противеле и го оспорувале концептот „сведочење“ (франц. témoignage), кој се однесувал на слободно кажување за мачењата кои членовите на организацијата ги виделе на теренот, за кои ако не ги кажеле следувал концепт „молчење“.MSF's principles and identity - The challenges ahead , проверено на 10 јануари 2006. Малуре сметал дека ЛБГ треба да избегнуваат критикување на владите на државите во кои работеле, додека Бернар Кушнер верувал дека документирањето и објавувањето на нивните мачења во конкретните држави за да се решат проблемите.

Во текот на 1979, четири години по бранот на бегалци од Јужен Виетнам и околните држави, француските интелектуалци во новините Ле Монд упатиле апел под името „Брод за Виетнам“ со намера да се покрене проект со кој би се обезбедила помош на бегалците. Иако проектот не добил поддршка од поголемиот дел на ЛБГ, некои членови изнајмиле брод под името „Остров на светлоста“ (франц. L’Île de Lumière) и заедно со новинарите и фотографите отпловиле до Кинеското Море и им дале медицинска помош на илегалните имигранти.

Развој на организацијата Во текот на 1982 година Клод Малуре и Рони Брауман, кој истата година станал претседател на организацијата, обезбедиле поголема финансиска независност на Лекари без граница со претставување на концептот за собирање средства по пат на пошта.(англ. fundraising-by-mail). Тие години доаѓа до отворање на низа оперативни гранки во останатите држави: Белгија (1980), Швајцарија (1981), Холандија (1984) и Шпанија (1986). Во Луксембург во 1986 е основана прва неоперативна гранка, а во текот на 1990-те и во голем број на други земји: Грција, САД, Канада, Јапонија, Велика Британија, Италија, Австралија, Германија, Австрија, Данској, Шведска, Норвешка, Хонгконг а нешто подоцна во Соединетите Арапски Емирати.

Во декември 1979 година, откако советската војска влегла во Авганистан, веднаш се поставени полски мисии за обезбедување на медицинска помош на муџахедини. Во текот на периодот на гладување во Етиопија (1984 — 1985) ЛБГ основале програми за хранење на населението, ама во 1985 биле истерани поради тужба за злоупотреба на меѓународната помош и насилно раселување на луѓето. Организацијата исто така поставила опрема за произведување на чиста вода за пиење во Сан Салвадор, откако на 10 октомври 1986 година земјотрес го разрушил овој град.Chronologie: Années 80 , проверено на 10 јануари 2006.

Судан Во текот на 1979 година Лекари без граници воспоставиле мисија за помош на цивилите кои биле погодени од гладот и граѓанската војна која се одвивала. Доброволците објавиле голем број на извештаи за страшните работи што ги посведочиле, а двајца доброволци и загинале во 1989 година кога бил соборен нивниот авион. ЛБГ продолжиле со своите напори во Судан околу 25 години, покрај апсењето на нивните доброволци,High Commissioner for Human Rights concerned over arrest of MSF head in Sudan, проверено на 10 јануари 2006., речиси постојаните борби и масакрирањето на цивилите,Brown V, Caron P, Ford N, Cabrol JC, Tremblay JP, and Lepec R (2002) Violence in southern Sudan, The Lancet 359 (9301): 161 сушата и избивањето на туберкулоза, ебола, хепатит, дечја парализа, колера и маларија. Организацијата непрестајно апелирала за помош преку медиумите, но за таа ситуација во Судан слабо се известувало воСАД и во Европа.MSF Top-Ten under-reported humanitarian stories for 2002, проверено на 10 јануари 2006.

Раните 1990-ти Во раните деведесетти години ЛБГ отвориле неколку нови национални секции и пратиле неколку полски мисии во некои од најопасните жаришта со кои дотогаш се сретнале.

Во текот на 1990 година ЛБГ прво отишле во Либерија со намера да им помогнат на тамошните цивили и бегалци погодени од граѓанската војна.Chronologie: Années 90 , проверено на 11 јануари 2006. Постојаните борби во текот на 1990-тите и новата граѓанска војна ги држеле активните доброволци на Лекари без граници во програмите за обезбедување намирници, обезбедување на примарна здравствена заштита, масовни вакцинации, како и говорот против нападот на болниците(посебно во Монровија).Liberia: War ends, but the crisis continues , проверено на 11 јануари 2006.