Cream е британска блуз-рок супер група од 1960-тите составена од басистот/вокалист Џек Брус, гитаристот/вокалист Ерик Клептон и тапанарот Џинџер Бејкер. Нивниот звук е карактеризиран како хибрид од блуз-рок, хард-рок и психоделичен рок комбинирајќи ја блуз гитарата на Клептон, гласот и блузерската бас гитара на Џек Брус и влијателниот џез тапанар Џинџер Бејкер. Третиот албум на групата, „Wheels of Fire“, беше првиот продаван планита-двоен албум во светот. „Cream“ е многу почитувана група бидејќи таа е првата забележлива и успешна супергрупа.Musicradar.comCNN.com Во рок од две години тие продале околу 35 милиони албуми.

Музиката на „Cream“ вклучувала песни засновани на традиционалниот блуз како на пример „Crossroads“ и „Spoonful“, модерен блуз како „Born Under a Bad Sign“, како и повеќе ексцентрични песни како „Strange Brew“, „Tales of Brave Ulysses“ и „Toad“. Најголемите хитови на „Cream“ беа „I Feel Free“ (OK, #11), „Sunshine of Your Love“ (САД, #5), „White Room“ (САД, #6), „Crossroads“ (САД, #28) и „Badge“ (ОК, #18)."Badge" search results. http://www.everyhit.com. Retrieved 2 January 2010.

„Cream“ направија значајно влијание врз популарната музика во тоа време и заедно со Џими Хендрикс ја популаризираа употребата на вах педалата. Тие произведоа песни кои станаа пример за многу групи и влијеа врз појавувањето и функционирањето на Британски бендови како „Led Zeppelin“, „Deep Purple“ и „The Jeff Beck Group“ во доцните 1960-ти. Нивните изведби во живо влијаеле врз бендови кои свират прогресивен рок како „Rush“, џем бендови како „The Allman Brothers Band“, „Grateful Dead“, „Phish“ и хеви метал бендови како „Black Sabbath“.

„Cream“ беа рангирани на 16 место на листата „100 Greatest Artists of Hard Rock“ на „VH1“, магазинот магазинот „Rolling Stone“ ги именуваше како шеесет и шестите најдобри артисти на сите времиња. Во 2010 „VH1“ ги рангираше на 61 место на нивната листа „100 Greatest Artists of All Time“.

Формирање мини|350п|десно|Ерик Клептон настапува во 1974 Во јули 1966, кариерата на Ерик Клептон во „The Yardbirds“ и „John Mayall & the Bluesbreakers“ му ја додели репутацијата на најдобар блуз гитарист во Британија. Клептоновата виртуозност и голема моќ со гитарата иснпирирала еден обожавател да ја напише со спреј фразата „Клептон е Господ“ на ѕидот во подземната станица во Ислингтон. Сепак, Клептон се чувствуваше затворен во бендот на Меиал па се реши да ја прошири својата кариера во нов бенд.

Во 1966 Клептон се сретнал со Бејкер, тогаш водичот на организацијата „Graham Bond“ го планирал Брус како бас гитарист и свирач на хармоника и на пијано. Бејкер, исто така, се чувствувал поттиснато во „GBO“ и бил изморен од зависноста од дрога на Грахам Бонд, а исто така и од менталната нестабилност. „Отсекогаш го сакав Џинџер“, рече Клептон. „Џинџер дојде да ме гледа како свирам со „The Bluesbreakers“. По настапот тој ме врати назад во Лондон со неговиот „Rover“. Бев многу импресиониран од неговата кола и од неговото возење. Тој ми збореше за тоа дека сакал да започне бенд, а и јас,исто така, размислував за тоа.“ И двајцата меѓусебно беа инпресионирани од свирењето, што доведе до тоа Бејкер да го праша Клептон да му се приклучи во неговиот нов, тогаш неименуван, бенд. Клептон без размислување се сложил, а за тоа многу придонело тоа што Бејкер го најмил Брус како басист на бендот. Според Клептон, Бејкер бил толку изненаден поради што за малку ќе направел сообраќајна несреќа.

Клептон се сретнал со Брус кога басистот/вокалист на кратко свирел со „The Bluesbreakers“ во март 1966. Двајцата работеле заедно како дел од краткотрајниот бенд наречен „Powerhouse“ (во кој биле вклучени и Стиви Винвуд и Пол Џонс). Импресиониран од техничките и вокалните способности на Брус, Клептон посакал да работи со него во новиот бенд. Тоа што Клептон не го знаеше е дека додека Брус бил во бендот на Бонд, тој и Бејкер биле познати по нивните расправии, но двајцата одлични џез музичари, сепак, си ги почитуваат меѓусебно нивните вештини.

Сепак, Бејкер и Брус ги заоставија нивните разлики на страна поради доброто на новото трио на Бејкер за кое тој имал визија дека ќе биде колегијално со придонес на сите во создавањето на музиката и текстовите. Бендот беше именуван „Cream“, како што Клептон, Брус и Бејкер веќе беа сметани за „крем на културата“ во енормно засиленото напредување на џез и блуз музичарите на Британската музичка сцена. Пред да се одлучи за името „Cream“ бендот размислувал тие да се нарекуваат „Sweet ‘n’ Sour Rock ‘n’ Roll“. Од триото, Клептон ја имаше најголемата репутација во Англија, но сепак тој беше се, а сè уште непознат во САД, со оглед на тоа што ги напушти „The Yardbirds“ пред песната „For Your Love“ да биде рангирана во „American Top Ten“.

Неофицијалното деби, „Cream“ го направи но ноќниот клуб „Twisted Wheel“ на 29 јули 1966. Нивното официјално деби го направија два дена подоцна на шестата година од „Windsor Jazz & Blues Festival“. Новиот бенд со неколку оригинални песни, направи снимки на спиритуален блуз кој енормно ја зголеми нивната публика која топло ги прими новите снимки. Во октомври, бендот доби шанса да свири со Џими Хендрикс кој само што пристигнал во Лондон. Хендрикс бил обожавател на музиката на Клептон и сакал да добие шанса да свири со него на сцена. Хендрикс им бил претставен на „Cream“ од страна на неговиот менаџер Чес Чендлер, односно басистот на „The Animals“.

При раната организација на бендот беше одлучено да Брус го заземе местото на водечки вокал. Додека Клептон се срамел да пее, тој полека се вклопувал со Брус за потоа да го преземе тоа место на некои од повеќе познатите песни на групата меѓу кои „For Until Late“,Cream (1966). Fresh Cream „Strange Brew“,Cream (1967). Disraeli Gears „Crossroads“Cream (1968). Wheels of Fire и „Badge“.Cream (1969). Goodbye (1969)

Албумот Fresh Cream

Деби албумот на „Cream“, „Fresh Cream“, е снимен и издаден во 1966. Албумот го достигна шестото месо на музичките листи во ОК и #39 во САД. Најголем дел од албумот се блуз преработки како „Four Until Late“, „Rollin’ and Tumblin’“ (стари блуз песни снимени од Хамбони Вили Њуберн во 1926 кои стнаа блуз стандарди благодарение на верзиите снимени од Мади Вотерс и Елмор Џејмс и раните 1950-ти), „Spoonfl“ (напишана од Вили Диксон а снимена од Ховлин Вулф), „I’m So Glad“ (напишана од Скип Џејмс) и „Cat’s Squirrel“. Остатокот од албумот вклучува песни напишани (сам или во соработка со друг) од Џек Брус, а најзабележителни се „I Feel Free“ (која беше хит сингл во ОК) и две од Џинџер Бејкер (едната од тие е „Toad“ која содржи едно од најраните примери на соло на тапани во рок-музиката). Џинџер Бејкер исто така соработувал со тогашната жена на Џек Брус, Џенет Годфри, за да ја напише „Sweet Wine“. Годфри, исто така, го обезбеди текстот на првата оригинална блуз композиција на триото, односно песната „Sleepy Time Time“ на нејзиниот сопруг.

Албумот Disraeli Gears

Првата посета на „Cream“ во САД беше во март 1967, за да свират во „RKO“ театарот во Њујорк. Тие се вратија во Њујорк помеѓу 11 и 15 мај 1967,GP Flashback : Cream, June 1967 - Guitar Player Article - June 1967 за да го снимат албумот „Disraeli Gears“. Вториот албум на „Cream“ беше издаден во ноември 1967, и влезе во топ 5 листите во музичките листи на двете страни на атлантикот. Продуцент на албумот е Феликс Папаларди и инженер Том Дод, а албумот е снимен во „Atlantic Studios“ во Њујорк. „Disraeli Gears“ се смета за албум кој ги опишува напорите на бендот, успешно вклопен британски психоделичен рок и американски блуз. Овој албум е и правиот на групата кој примарно содржи песни напишани од членовите на бендот со само три од единаесет песни напишани од други, надвор од бендот. Албумот не само што ги вклучува хитовите „Strange Brew“ и „Tales of Brave Ulysses“ туку и песната „Sunshine of Your Love“.

На нивните концерти во 2005 во Лондон при нивното реобединување тие свиреал само три песни од овој албум, и тоа „Outside Woman Blues“, „We’re Going Wrong“ и „Sunshine of Your Love“.

Албумот Wheels of Fire

Во 1968 се појави третиот албум на „Cream“, „Wheels of Fire“, кој се искачи на американските топ листи. Снимките во овој албум покажуваа како бендот полеку се оддалечува од блузот и се насочува повеќе кон семи-прогресивен рок стил. Како и да е, бендот ги сними песните на Ховлин Вулф, „Sitting on Top of the World“, и на Алберт Кинг, „Born Under a Bad Sign“. Според интервју на „BBC“ со Клептон, издавачката куќа, предводена од Алберт Кинг, го замолила бендот да направат преработка на „Born Under A Bad Sing“ кој сама по себе станала популарна. Првата песна, „White Room“, стана радио застапник на бендот. Една друга песна, „Politician“, била напишана од бендот додека тие чекале да настапат во живо на BBC. Вториот компакт диск на албумот вклучува три изведби во живо од „Winterland Ballroom“ и една од „Fillmore“. Второто соло на Клептон, „Crossroads“, се качи во повеќе топ 20 листи на најдобри сола на гитара. Песната „Toad“ на Џинџер Бејкер е широко прифатена и се смета како едно од најдобрите сола на тапани во живо во рок-музиката.

На почетокот на нивната проштална турнеја на 4 октомври 1968, во Оукленд, скоро цел репертоар беше составен од песни од албумот „Wheels of Fire“: „White Room“, „Politician“, „Crossroads“, „Spoonful“, „Deserted Cities of the Heart“, и „Passing the Time“.

Албумот Goodbye

При крајот, „Cream“ беа убедени дека треба да направат финален албум. Албумот, соодветно именуван како „Goodbye“, е снимен при крајот на 1968, а е издаден на почетокот на 1969 по распаѓањето на бендот. Вклучува шест песни: три песни во живо од концертот во „The Forum“ во Лос Анџелес, Калифорнија, на 19 октомври и три нови студио снимања (најпознатата „Badge“ е напишана од Клептон и Џорџ Харисон, кој исто така и свирел на ритмичка гитара како „L’Angelo Misterioso“). „I’m So Glad“ која најпрво се појави како студио снимка на албумот „Fresh Cream“, во овој албум е ставена во живо. Таа единствената песна која се појавува на двата, односно, на првиот и на последниот албум на групата.

Прошталната турнеја на „Cream“ содржела 22 претстави на 19 места во САД помеѓу 3 октомври и 4 ноември 1968, и два финални проштални концерти во „Royal Albert Hall“ на 26 ноември 1968. Првично бил планиран уште еден двоен албум во кој би биле искомбинирани материјали од оваа турнеја и студио снимки, но сепак, албумот „Goodbye“ бил издаден наместо тој каде што се вклучени три снимки во живо и три студио песни, по една од секој член на бендот. Овој албум го докажа професионализмот на членовите, како што снимките во живо од албумот од „I’m So Glad“, „Politician“ и „Sitting on Top of the World“ беа многу успешни што ја докажува нивната посветеност кон музиката.

Распадот мини|200п|лево|Џек Брус настапува во 1972 Уште од создавањето, бендот беше соочен со некои фундаментални проблеми кои подоцна доведоа до големи несогласувања во ноември 1968. Соперништвото помеѓу Брус и Бејкер создаде тензии во бендот. Клептон, исто така, почувствувал дека членовите на бендот не се слушаат доволно помеѓу себе. Опремата со текот на годините се подобрувала, новиот „Marshall“ засилувач можел да поддржи многу посилен звук, па Џек Брус го покачувал нивото ја јачина, што создавало тензии за Бејкер кој имал проблеми при усогласување со громогласноста. Клептон говореше за концерт во чиј тек тој престанал да свири, а тоа не го приметиле ни Бејкер ни Брус. Клептон, исто така, коментирал дека последните настапи на „Cream“ биле само докажувања на членовите на бендот. Групата одлучила дека треба да се растурат во мај 1968, за време на турнејата во САД. Подоцна, во јули, пристигна официјална изјава на кога се известуваше дека бендот ќе се распадне по прошталната турнеја во САД и по двата настапи во Лондон. „Cream“ ја завршија нивната турнеја во САД на 4 ноември со концертот во „Rhode Island“ и свиреал во ОК за последен пат на 25 и 26 ноември.

Реобединувања

Куќата на славните на рокенролот