Ливатче — археолошко наоѓалиште во близина на струшкото село Враништа. Претставува населба од неолитско и бронзено време. Се наоѓа на околу 500 м југоисточно од селото, на рамниште што се наоѓа повисоко од старото корито на реката Црн Дрим. На просторот со површина од 60 × 30 м се среќаваат фрагменти од керамички садови, камени и кремени орудија.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069.
Поврзано Враништа; Горна Црква — некропола од римско време; Долно Ливаѓе — населба од неолитско време; Кортиниче — населба од римско време; Кралој Загони — населба од неолитско време; Св. Атанасија — црква и гробишта од средниот век; Св. Богородица — сакрален објект од средниот век; Црквени Ливади — населба од неолитско и бакарно време; Шумски Ливади — населба од неолитско и бакарно време.
Наводи
Категорија:Враништа