Сред Село — археолошко наоѓалиште во гостиварското село Дебреше. Претставува средновековна црква и некропола. Се наоѓа во средишниот дел на селото, во непосредната близина на споменикот од НОБ, каде се среќаваат камени плочи од гробни конструкции и грамада од кршен камен. Со изградбата на споменикот наоѓалиштето е во голема мера уништено.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Горни Крст — средновековна црква и некропола; Горни Ропаич — средновековна црква и некропола; Жубовски Пат — средновековна некропола; Зилбов Гроб — средновековна некропола; Кале — населба од железно и римско време; Долни Крст — средновековна црква и некропола; Св. Богородица — средновековна црква и некропола; Спас — средновековна црква и некропола; Стражник — некропола од бронзено време; Чатал — населба од доцната антика; Чифлик — некропола од доцната антика. Наводи
Категорија:Дебреше