Големо Градиште — археолошко наоѓалиште во гостиварското село Здуње. Претставува градиште од доцноантичкото време и средниот век. Се наоѓа на 1 км северно од селото, на висок рид со зарамнето плато, каде се гледаат грамади од кршен камен, а делумно и темели од одбранбен бедем. Површината на градиштето има пречник од 130 м. Долната зона на наоѓалиштето е позната под името Мало Градиште и претставува составен дел на фортификацијата. Градиштето има извонредно добра стратешка положба за обезбедување на крајната југозападна периферија на Горни Полог.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Л’гои — некропола од доцноантичко време; Рудина — населба од доцноантичко;

Наводи

Категорија:Здуње