Арапски поговорки

Ова е список на арапски народни поговорки. Овој список не е целосен и може да подлегне на додатни проширувања. Во прилог следуваат поговорките.

Ако еднаш ме издадеш ти си виновен, но ако и вторпат ме излажеш јас сум виновен. Ако одгледаш машко дете, го изведуваш на пат само него, ако одгледаш женско, си одгледал цело семејство. Ако подариш коњ, подари ја и уздата. Ако пријателот ти е сладок, не мораш да го изедеш. Ако сакаш да ти прости претпоставениот, и ти биди подготвен да му простиш на оној што тебе ти е потчинет. Ако сакаш спокојно да живееш, не кажувај го она што го знаеш и не верувај во она што го слушаш Една камила никогаш не се потсмева на грбата на другата камила. Колку е лесна војната за оние што отстрана ја набљудуваат! Колку си попросветен, толку повеќе должности имаш Ловот на жени е мошне возбудлив. Тешкотијата почнува кога ќе се улови некоја. Младоста е лудост, што само староста може да ја излекува. Она што твоите непријатели не треба да го знаат, не кажувај го на твоите пријатели. Раката што дава е секогаш над онаа што прима. Роднините ни ги одредила судбината. Среќа е што пријателите ги одбираме сами. Скржавецот е како магаре натоварено со злато, кое се храни со слама. Смртта може да те заборави еден ден, но не и следниот. Со златни букви е напишано: надевај се на најдоброто, а очекувај го најлошото. Туѓинец на туѓинец - брат. Човекот е господар само на неизговорените зборови, но не и на оние што му „излетале“.

Категорија:Арапска култура Категорија:Поговорки