"Rabbit Heart (Raise It Up)" е сингл од 2009 година од британската инди поп група, Florence and the Machine. Синглот е издаден од издавачките куќи Universal Island Record Label и Moshi Moshi Records на 21 јуни 2009 во EP формат, а потоа на 22 јуни 2009 како дигитален доунлоуд, ЦД, Грамофонска плоча, (7 инчи и 5 инчи) формат во Обединетото Кралство. Песната исто така станала првиот сингл на бендот кој бил на А-списокот на BBC Radio 1. Ова е нивниот втор најуспешен сингл, искачувајќи се на 5 место на UK Singles Chart, додека песната "You've Got the Love", се искачила на 5 место. Ремикс на песната направиле многу артисти, вклучувајќи го и Jamie T, чиј ремикс е вклучен на ЦД-то со синглови на бендот, заедно со "Are You Hurting the One You Love?" - Б страна на "Rabbit Heart (Raise It Up)". Инструменталната верзија на песната е користена за реклама на Sky Sports во септември 2009 година.
Музичко видео thumb|230px|Флоренс Велч во музичкото видео за песната "Rabbit Heart (Raise It Up)". Музичкото видео за "Rabbit Heart (Raise It Up)" е режирано од Том Бирд и Табита од Queens of Noize. Снимено е на 6 мај 2009, а подоцна е издадено на 22 јуни 2009 (кога синглот бил целосно издаден).
Видеото започнува на земјиште со парче облека, префрлено на лицето на Флоренс, а потоа таа почнува да се врти во круг со уште две други девојки кои ја следат. Потоа девојите почнуваат да танцуваат околу земјиштето, а потоа се гледа харфа и Флоренс почнува да танцува со девојките. Потоа Флоренс седнува на маса на која е сервирано јадење, со уште 6 други луѓе.
Флоренс и другите шест луѓе почнуваат да ја фрлаат храната на тревата и повторно почнуваат да танцуваат. Флоренс потоа ќе легне на чаршафот од масата, а другите луѓе ќе го превиткуваат чаршафот за да го направат како гроб. Луѓето го земаат гробот со Флоренс и го спуштаат во река која се наоѓа во близината и на крајот гробот сè повеќе и повеќе ќе се оддалечува. Видеото е спуштено на Јутуб на 14 мај 2009 и има повеќе од 5 000 000 гледања.
Наводи
Категорија:Florence and the Machine