Рудина — археолошко наоѓалиште во гостиварското село Форино. Претставува населба и некропола од доцноантичко време. Се наоѓа на југоисточната периферија на селото, во дворот на старото училиште, каде наоколу се среќаваат фрагменти од керамички садови, тегули, имбрекси и многу кршен камен. Во 1978 година, при поставувањето на водовод се откриени и гробови.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Глаица — населба од доцноантичко време; Леска — средновековна населба; Калдрма — средновековна населба; Селиште — средновековна населба; Томе Брез — некропола и тумул од железно време; Список на археолошки наоѓалишта во Гостиварско.
Наводи
Категорија:Форино