Штрати — археолошко наоѓалиште во струшкото село Горно Татеши. Претставува населба од доцноантичко време. Се наоѓа на околу 500 м јужно од училиштето во селото, на простор со површина од 200 × 100 м на кој денес се простираат ниви. Според информација добиена од Народниот музеј во Струга, од ова наоѓалиште потекнуваат мермерна база од столб и профилиран камен, кои се наоѓаат во селските гробишта.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069.
Поврзано Горно Татеши; Бегова Нива - Ќеле — населба од доцноантичко време; Горна Ливада — некропола од доцен среден век; Кале — утврдување од римско време; Петкова Нива — населба од доцноантичко време; Црква — населба од доцноантичко време.
Наводи
Категорија:Горно Татеши