Основно училиште „Гоце Делчев“ (официјално: Подрачно основно училиште „Гоце Делчев“ - Робово; скратено: ПОУ „Гоце Делчев“) — подрачно основно училиште во селото Робово, составен дел на истоименото училиште од селото Босилово.
Училиштето е именувано по македонскиот национален херој Гоце Делчев.
Местоположба
Училиштето се наоѓа на влезот во селото.
Историја
Училиштето во Робово е едно од најстарите во регионот. Во 1860 година Арсениј Костенцев го открил во домот на месниот жител Мицо Караџа првото училиште во Струмичката Каза. Во училиштето Костенцев бил четири години учител во самото училиште доаѓале деца на чорбаџии и од соседните села Сачево, Муртино и Моноспитово, со вкупно 45 деца. Училиштето работело по буквари и други учебници, набавени од печатницата на Константин Држилович, и донесени од Солун.Манол Пандевски - Ѓорѓи Стоев - Трнката, Струмица и Струмичко низ историјата, Струмица, 1969.
На училиштето е поставена спомен-плоча од страна на потомците на Костенцев.
Настава
Наставата се изведува единствено на македонски наставен јазик во 2 комбинирани паралелки.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Основни училишта во Општина Босилово Категорија:Робово (Струмичко) Робово