Кошари — археолошко наоѓалиште во дебарското село Могорче. Претставува средновековна населба и некропола. Се наоѓа на источниот раб на селото, на блага падина со насоченост север-југ, каде се гледаат ѕидови од објекти од кршен камен и варов малтер. Во непосредната близина има гробови со конструкција од големи камени плочи, поставени во правец исток-запад.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано

Богородица — средновековна црква; Вранска Краста — доцноантичко утврдување; Кошари — некропола од римско време;

Наводи

Категорија:Могорче