Мојсиева Црква — археолошко наоѓалиште во дебарското село Селокуќи. Претставува средновековна црква и некропола. Се наоѓа на западната периферија на селото, на источната падина на висок рид што доминира над околниот терен и долината на Црн Дрим, каде се откриени гробови без гробна конструкција, покриени само со една камена плоча. Гробовите се со насоченост исток-запад. Исто така може да се видат и темелите на една мала еднокорабна црква градена од камен и варов малтер.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Мерсуид — средновековна некропола; Музгалица — населба од неолитско време; Стара Црква — доцноантичка некропола; Шулон — средновековна некропола; Таранеш — населба и некропола од римско и доцноантичко време; Селокуќи; Список на археолошки наоѓалишта во Дебарско;

Наводи

Категорија:Селокуќи