Од хеликоптерот А.103 со едно седиште е развиен хеликоптерот А.104 со две седишта. Целиот труп на хеликоптерот е изработен од метал. Во хеликоптерот е вграден клипен мотор Agusta MV-A120. Првиот од двата прототипа на хеликоптерот полетал во декември 1960 година.
Основни податоци:
Тип: транспортен хеликоптер Класа: лесен Сместување: еден пилот и еден патник Земја на потекло: Италија Производител: Agusta (Италија) Статус: прв лет во 1960 година Земји корисници: Италија
Техничкотактички податоци: Намена: за цивилни потреби Мотори: еден клипен мотор Agusta MV-A120, со сила од 120 кс
Варијанти:
А.104 Helicar - прв прототип, со клипен мотор Agusta MV-A120 A.104BT - верзија на хеликоптерот со турбински мотор Agusta A.270, со сила од 270 КС. Произведен е само еден модел.
Категорија:Хеликоптери Категорија:Транспортни хеликоптери