thumb|right|150px|Лого на здружението. Македонското друштво „Илинден“' од Тирана е формирано 6 февруари 2009 во Албанија. Друштвото е формираноод група граѓани со македонско потекло што живеат во главниот град на Албанија и цел на друштвото е заштита на македонското малцинство во Тирана и Голо Брдо.

Цели и задачи За основни задачи на македонското друштво „Илинден“ се утврдени заштитата и афирмацијата на македонскиот етнички, јазичен, културен, верски, историски и државен идентитет, континуитет и наследство на Македонците во главниот град на Република Албанија, како и интеграцијата на Македонците во политичкиот систем и институциите на власта во градот Тирана. Претседател на македонското друштво „Илинден“ од Тирана е Никола Ѓурѓај.

Поврзано Македонци во Албанија Мала Преспа Голо Брдо

Надворешни врски Официјално мрежно место Првиот број од списанието „Илинден“

Категорија:Македонци во Албанија Категорија:Тирана Категорија:Македонски организации во дијаспората Категорија:Појавено во 2009 година во Македонија