Чимботе () е град во Перу и најголем град во регионот Анкаш. Градот се наоѓа на брегот на заливот Чимботе, јужно од Трухиљо и на околу 420 километри северно од главниот град на Перу - Лима. Чимботе е почеток на ланецот значајни градови во Перу кои се наоѓаат еден до друг, бидејќи после него се наоѓаат Трухиљо, Чиклајо и Пиура.

Административна поделба

Градот Чимботе е всушност округ, кој е поделен на седум помали дистрикта: Санта, Коишко, Саманко, Непења, Макете, Моро, Касерес дел Перу и Нуево Чимботе. Сите овие, заедно со главниот округ Чимботе се дел од покраината Санта и регионот Анкаш.

Збратимени градови Пенсакола, Флорида, САД

Поврзано Градови во Перу Регион Анкаш

Категорија:Градови во Перу