За други значења на поимот Дебрца, видете на појаснителната страница. За седиштето на својата Општина Дебрца, видете Белчишта.
Општина Дебрца — општина во западниот дел на Македонија. Општината е создадена согласно законот за територијална поделба од 2004 година на 12 април 2005 година со спојување на општините Белчишта и Мешеишта. На север граничи со Општина Кичево (порано Општина Другово), на југ со Општина Охрид, на исток со Општина Демир Хисар, а на запад со Општина Струга. Центар на општината е селото Белчишта. Општина Дебрца е единствена општина во Македонија која не е именувана по општинскиот центар, туку по географската област.
Географија мини|лево|220п|Карта на Општина Дебрца со атарите/катастарските општини. Општина Дебрца се наоѓа во југозападна Македонија. Околни Општини, кои граничат со Општина Дебрца се:
Од север: Општина Кичево (порано Општина Другово) Од југ: Општина Охрид Од исток: Општина Демир Хисар Од запад: Општина Струга
Главно населено место во општината е селото Белчишта.
Историја Дебрца има важна улога за време на НОБ. На 18 август 1943 година, на Славеј Планина, Дебрца, е формиран првиот македонски баталјон „Мирче Ацев“, а на 11 ноември истата година во селото Сливово била основана Првата македонско-косовска ударна бригада. Во селото Црвена Вода, пак, во месец ноември 1943 година, бил основан Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ.
Стопанство
Демографија мини|десно|220п|Демографска карта на Општина Дебрца според пописот од 2002 година и административна поделба од 2004 година.
Според пописот од 2002 година, општината имала население од 5.507 жители, од кои Народ ВкупноУдел (%) Македонци 5.323 96,68 Албанци 153 2,78 Турци 2 0,04 Роми 0 0,00 Власи 0 0,00 Срби 8 0,14 Бошњаци 0 0,00останати 20 0,34
Вероисповед Вкупно православни 5.322 муслимани 167 католици 6 протестанти 1 останати 11
Јазик Вкупномакедонски 5.322албански 154турски 2ромски 0влашки 0српски 12бошњачки 0 останати 17
Според последниот попис од 2021 година, општината имала население од 3.719 жители, од кои Народ ВкупноУдел (%) Македонци 3.330 89,54 Албанци 59 1,59 Турци 2 0,01 Роми 0 0,00 Власи 0 0,00 Срби 1 0,01 Бошњаци 3 0,01 останати 8 0,02 лица без податоци 316 8,82
Општествени установи
Самоуправа и политика Градоначалник на Општина Дебрца е Златко Силјаноски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Тој бил избран на локалните избори од 2025 година за мандат од четири години.
Согласно одлука на Владата на Македонија од 27 септември 2024 година, Советот на општината брои 9 члена.
Културни и природни знаменитости
Манастир „Сите Свети“ во село Лешани.
Редовни настани
Личности
Климе Злестовчето Кузман Капидан Љубе Трпески Љубе Којчин Благоја Дескоски Зоран Ставрески Бранко Црвенковски Илија Илоски Ило Китан Ристо Белкоски Николче Китаноски Иван Белкоски - Белка Власе Николески Круме Јовчески Мито Савески Павле Попоски
Култура и спорт ФК Илинден (Велмеј) ФК Дебрца (Белчишта) ФК Сатеска (Волино) ФК Ботун (Ботун) ФК Лешани (Лешани) ФК Злести (Злести)
Иселеништво
Наводи
Надворешни врски Општина Дебрца во „АБВ - деловен именик“ Страница за Општина Дебрца
Дебрца Категорија:Југозападен Регион