Грам (ознака: г, g) е еден илјадити дел (0,001) од главната единица за маса во SI системот - килограм (кг).Gram, metricamerica.com (анг.) Всушност, имињата на сите останати единици за маса се изведени токму од името на оваа единица (со претставките според SI системот), иако поради историски причини за основна единица за маса е избран килограмот. thumb|250px|Капаче од пенкало со тежина од близу еден грам Малата маса се мери со помали единици од грамот. Оние што најчесто се користат се: сантиграм: 1 сг = 10-2 гр = 10-5 кг милиграм: 1 мг = 10-3 гр = 10-6 кг микрограм 1 μг = 10-6 гр = 10-9 кг

Најчеста примена грамот има при мерењето на масата на производите во готварството, а помалите единици од него најчесто се користат во фармакологијата.

Примери за маса мерена во грами Еден милилитар вода на температура од 4 °C има маса од 1 грам. Монета од едно евро има маса од 7,5 грама, а еден американски цент (пени) 2,5 гр.

Наводи

Категорија:Изведени SI-единици Категорија:Единици за маса Категорија:СГС-единици