На Црков — археолошко наоѓалиште во дебарското село Горенци. Претставува населба и некропола од хеленистичкото време. Се наоѓа на југозападниот раб на селото и на околу 100 м североисточно од црквата, во приватни ниви, каде по површината се наоѓаат фрагменти од керамички садови. Кај еден од сопствениците на нивите се чуваат сад од печена земја и еден нож (бодеж) како гробни наоди извадени од гроб при обработувањето на земјата.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Горенци; Список на археолошки наоѓалишта во Дебарско;
Наводи
Категорија:Горенци (Дебарско) Категорија:Древномакедонски гробници