Abbey Dawn е линија на облеки дизајнирана од канадската музичарка, Аврил Лавињ и се продава исклучително во модната куќа "Kohl" во САД.Abbey Dawn Името доаѓа од детството на Аврил Лавињ, кога татко ѝ ја викал "Abbey Dawn", а нејзините пријатели од средно училиште ја викале "Abbey". Линијата била опишана како "животен бренд на помладите". Од декември, 2010 линијата вклучувала и машки алишта, на кои влијаеле нејзините браќа и членовите на нејзината група. Алиштата за девојките е инспирирана од панк стилот на Аврил и како што се подобрувал квалитетот на алиштата така алиштата сè повеќе и повеќе поскапувале. Продавница за Abbey Dawn се наоѓа и во музичкото видео за "What the Hell" во 2011 година.

Малопродажба Abbey Dawn оригинално се продава во Kohl во САД и во Boathouse во Канада. Сега се продава во влијателни продавници како Trash и Vaudeville во Њујорк, а исто така и во други продавници ширум Америка и Европа. Има Abbey Dawn продавница и во Токио, Јапонија.

Додатоци

Аврил исто така дизајнирала накит за линијата и вклучува огрлици, нараквици, ушници кои се украсени со срца, громови, ѕвезди итн. Накитот најчесто е во розова, виолетова, црвена и црна боја. Аврил исто така дизајнирала и часовници, очила за сончање и ремени.

Наводи

Надворешни врски Abbey Dawn's official site The Origin of Avril Lavigne's "Abbey Dawn" nickname Researched by fan and presented to Avril Lavigne in October, 2008.

Категорија:Аврил Лавињ

pl:Avril Lavigne#Abbey Dawn