Стивен Вилијам Хокинг (; - ) — англиски теориски физичар и космолог чии научни книги и јавни појавувања го направија академски позната личност. Бил почесен пријател на кралското друштво на уметности, доживотен член на папската академија на науките и во 2009 е награден со претседателски медал на слободата, највисоката цивилна награда во САД.
Хокинг 30 години бил професор на математичката катедра во Кембричкиот универзитет, преземајќи ја таа функција во 1979 и повлекувајќи се на 1 октомври 2009. Во поново време директорувал со истражувачкиот центар за теориска космологија во одделот за применета математика и теориска физика на Кембричкиот универзитет. Тој е познат по своите придонеси во полето на космологијата и квантната гравитација, особено во контекст на црните дупки. Исто така, тој се здобил со успеси за неговата работа во полето на популарната наука во која тој генерално дискутира за неговите теории и космологијата.Redfor, Tim "How God propelled Stephen Hawking into the bestsellers lists" Guardian 31 July 2009
Во клучните научни трудови на Хокинг се вклучени обезбедувањето, со Роџер Пенрос, теореми во врска со гравитациските сингуларности во рамките на општата релативност и теориското предвидување дека црните дупки емитуваат зрачење, што денес е познато како Хокингово зрачење.
Хокинг има лателарна амиотропска склероза што е поврзано со амиотрофична латерална склероза, состојба која се развила со текот на годините и го направила скоро целосно парализиран.
Раниот живот и образование Стивен Хокинг е роден на 8 јануари 1942 г. од татко д-р Френк Хокинг, биолог, и мајка Изабел Хокинг. Имал две помали сестри, Филипа и Мери, и посвоен брат, Едвард. Иако родителите на Хокинг живееле во северен Лондон, се преселиле во Оксфорд за време на бременоста на Изабел со Стивен, сместувајќи се на побезбедна локација за раѓањето на нејзиното прво дете (Лондон во тоа време бил под напад од страна на Луфтвафе). Според Хокинг, германската В-2 ракета удрила на само неколку улици подалеку.
По раѓањето на Стивен семејството повторно се вратило во Лондон каде што татко му ја предводел групата за паразитологија во националниот институт за медицински истражувања. Во 1950, Хокинг и неговото семејство се преселиле во Сент Албенс, Хертфоршир, каде што одел во средното училиште за девојчиња во Сент Албенс од 1950 до 1953 (во тоа време момчињата можеле да одат на настава во женски училишта додека не наполнат 10 години). Од единаесет години тој се преместил во училиштето Сент Албенс каде што бил добар, но не и посебен ученик. Подоцна, кога бил прашан да именува учител кој го инспирирал, Хокинг го именувал Диркен Тата. Врската со училиштето константно ја одржувал и именувал една од четирите куќи, објектот за дополнителни научни предавања, во куќниот систем на училиштето. Тој го посетил училиштето за да одржи едно предавање и, исто така, му било направено долго интервју од страна на учениците кои работат на школскиот магазин, „The Albanian“.
Хокинг отсекогаш бил заинтересиран за науката. Инспириран од наставникот по математика, тој сакал да го студира истиот предмен и на универзитет. Како и да е, таткото на Хокинг сакал тој да аплицира за универзитетскиот колеџ Оксфорд каде што и тој студирал. Како универзитетски колеџ кој во тоа време немал математика, студентите кои аплицирале сакајќи да го изучуваат тој предмет биле одбиени, па затоа Хокинг аплицирал за изучување на прородни науки за што и се здобил со диплома. Хокинг специјализирал физика. Неговиот тутор по физика, Роберт Берман, подоцна за магазинот „The New York Times Magazine“ рекол:
Хокинг ги поминувал испитите, но неговите необични навики за учење резултирале со тоа што на финалниот испит освоил бодови на границата помеѓу прва и втора класа поради што бил потребен устен испит. За усниот испит Берман рекол:
Откако ја добил оценката Б.А. во Оксфорд во 1962, тој останал за да изучува астрономија. Се одлучил да замине кога открил дека изучувањето на Сончеви пеги|сончевите пеги, за кои опсерваторијата била опремена, не се вклопуваат во неговите желби и тоа дека тој е повеќе заинтересиран за теоријата однего за набљудување. Го напуштил Оскфорд за Тринити Хол, Кембриџ, каде што се вклучил во изучувањето на теориската астрономија и космологија.
Кариерата во доменот на теориската физика Хокинг во 1974 бил избран како еден од најмладите пријатели на „кралското друштво“, се здобил со почеста „командир во редот на Британската Империја“ во 1982 и во 1989 станал „почесен пријател“. Хокинг бил член на одборот на спонзори на „Билтен на атомските научници“.
Во 1974 тој прифати да го посети Калифорнискиот институт за технологија како професор, за да работи со неговиот пријател Кип Торни. Хокинг останува во контакт со Калифорнискиот институт со тоа што секоја година по еден месец, по 1992, престоjува на ова место.
Достигнувањата на Хокинг и неговите признаенија не престанаа и покрај развиената парализа предизвикана од неговата болест. Од 1974 Хокинг не можел да се храни сам себе ниту пак да стане од креветот. Неговиот говор станал загушен со тоа што можел да биде разбран само од тие кои подолго го познавале. Во 1985 добил пневмонија и морал да направи трахеотомија која потполно го оневозможила неговиот говор. Еден научник од Кембриџ изградил уред кој му овозможува на Хокинг да пишува на комјутер со мали движења на неговото тело и потоа со помош на говорна синтеза да зборува преку комјутерот.
Истражувања мини|250п|лево|Хокинг во Кембриџ Полето на исражување на Хокинг било во доменот на теориската космологија и квантната гравитација.
Во доцните 1960-ти тој и неговиот пријател и колега од Кембриџ, Роџер Пинрос, создале нов, комплексен математички модел кој го создале од општата теорија за релативност на Ајнштајн. Ова, во 1970, довело до докажување на првата од многуте теореми за сингуларноста; теореми кои обезбедуваат збир од издржани услови за постоење на гравитациска сингуларност во просторот-времето. Ова дело покажало дека, далеку од тоа што се интересни работи од математичка гледна точка, сингуларностите се од прилично генеричка функција на општата рлативност.
Тој обезбедил математички доказ, заедно со Брендон Картер, Вемер Израел и Д. Робинсон, за таканаречената „теорема без коса“ на Џон Вилер, која вели дека секоја црна дупка е потполно опишана од страна на три својства: маса, импулсен момент и електрично полнење.
Хокинг, исто така, по анализа на емисијата на гама-зраците која се случила по Големата експлозија, сугерирал дека биле формирани мини црни дупки. Со Брендон и Картер тој ги предложил четирите закони за механизмот на црните дупки, изработувајќи аналогија со термодинамика. Во 1974 тој пресметал дека црните дупки треба топлински да создадат и емитуваат субатомски честички, кои денес се познати како Бекенштајн-Хокингово зрачење, сè додека не ја исрошат својата енергија и да испарат.
Во соработка со Џим Хартли, Хокинг развил модел во кој универзумот нема граници во просторот и времето, заменувајќи ја почетната сингуларност на класичниот модел на големата експлозија со регион сличен како и Северниот Пол – некој не може да патува северно од Северниот Пол бидејќи нема граници. Додека оригиналниот безграничен предлог предвидувал затворен универзум, дискусијата со Нил Тјурок довела до реализација со тоа што безграничниот предлог, исто така, содржел не затворен универзум.
Заедно до Томас Хертог во ЦЕРН, во 2006, Хокинг предложил теорија на „од врвот-надолна космологија“ (или на англиски јазик top-down cosmology) во која вели дека универзумот нема посебна поединечна состојба и затоа е несоодветно за физичарите да се обидат да формулираат теорија која предвидува дека сегашната конфигурација на универзумот е посебна поединечна состојба. Оваа космологија прептпоставува дека во извесна смисла, сегашноста „го селектира“ минатото од една суперпозиција, од многу можни историски. Притоа, теоријата сугерира можна резолуција на деликатно дефинираниот универзум: неизбежно е тоа дека во сегашните физички константи на нашиот универзум ќе ги пронајдеме само оние историски делови кои тој ги „селектирал“ и кои довеле до сегашноста. Според ова, оваа космологија ни обезбедува антропично објаснување за тоа зошто се наоѓаме самите во универзум кој овозможува работа и живот без повикување на збирот на повеќе вселени.
Многу други научни истражувања на Хокинг се вклучени во студиите за квантна космологија, инфлационен универзум, продукцијата на хелиум во анизотропскиот модел на Големата експлозија, густината на матрицата на универзумот, топологија и структура на универзумот, младиот универзум, Јанг-Милсовиот инстантон и расејувачката матрица, пространството на анти-де ситер, квантното заплеткување и ентропија, природата на времето и просторот вклучувајќи ја временската стрелка, квантната пена, теорија на струните, супергравитација, Евклидовата квантна гравитација, гравитацискиот Хамилтон, гравитациските теории Бренс-Дики и Хојл-Нарликар, гравитациското зрачење и црвоточините.
На предавање во универзитетот Џорџ Вашингтон во чест на педесет годишнинаната на НАСА, Хокинг го теоризирал постоењето на вонземски живот, верувајќи дека „примитивниот живот е многу чест, додека пак интелигентниот живот е далеку поредок.“
Губење на стар облог мини|250п|десно|Претседателот на САД, Барак Обама, разговара со Стивен Хокинг во сината соба на Белата куќа пред церемонијата во која треба тој и уште 12 други да бидат претставени за претседателскиот медал на слободата на 12 август 2009. Овој медал е највисоката национална цивилна почест Во јули 2004, Хокинг на вести презентирал нова теорија за црните дупки која имала спротивно значење од неговото долгогодишно верување за однесувањето на црните дупки, со што го изгуби облогот кој го направил со Кип Торни и Џон Прескил од Калифорнискиот институт. Дотогаш се покажало дека информациите кои поминувале низ хоризонтот на случувања на црна дупка се губеле во универзумот, со што сите црни дупки се идентични во нивната маса, електрично полнење и аголна брзина (таканаречената теорема без коса). Проблемот со оваа теорема е во тоа што ја имплицира црната дупка дека ќе емитува исто зрачење без оглед на тоа што се случува внатре во неа и како последица на тоа, ако чиста квантна состојба е фрлена во црната дупка, една „обична“ измешана состојба ќе биде вратена. Ова се спротивставува на правилата на квантната механика и е познато како информациски парадокс на црната дупка.
Лет во вселената На прославата на неговиот шеесет и петти роденден на 8 јануари 2007, Хокинг го најавил својот план за безтежински лет во 2007 за да се подготви за суборбиталниот вселенски лет во 2009 овозможен од „Virgin Galactic“. Милјардерот Ричард Бренсон ветил дека ќе ги плати сите трошоци за летот што чинело околу 100,000 фунти. Овој лет на Стивен Хокинг во леталото „Vomit Comet“ на корпорацијата „Zero Gravity Corporation“ кој се остварил на 26 април 2007, му овозможил осум пати да ја искуси безтежинската состојба. Тој стана првиот квадриплегист кој ја искусил оваа состојба. Ова бил првиот пат во четириесет години кога тој се движел слободно, без неговата количка. Нормалната цена е 3.750 американски долари за 10-15 параболи, но на Хокинг не му биле побарани пари за тоа. Малку футуристички, Хокинг пред летот изјавил:
Постоење и природа на вонземскиот живот