Црковнословенскиот јазик — богослужбен јазик и неговата најчеста форма денес е руска редакција на старословенскиот јазик. Црковнословенскиот јазик е богослужбен јазик на Македонската православна црква — Охридска архиепископија, Бугарската православна црква, Руската православна црква, Српската православна црква, Рутенската католичка црква и останати словенски цркви.
Податоци
Историски, овој јазик е старословенскиот јазик во ограничена употреба. За разлика од старословенскиот, овој јазик има приспособен изговор и правопис, има замена на стари и изолирани зборови и изрази и слични приспособувања. Црковнословенскиот јазик е јазик кој се пишува со кирилица, за разлика од старословенскиот кој може да се пишува или со кирилица или со глаголица.
Црковнословенскиот јазик претставува подоцнежна фаза на старословенскиот јазик и е продолжение на литургиската традиција воведена од двајцата македонски браќа, светите Кирил и Методиј, кон крајот на 9 век во Нитра, главен град и религиозен и научен центар на Велика Моравија (сместена во денешна Словачка). Таму биле направени првите словенски преводи на Светото писмо и литургијата од коине грчки. По христијанизацијата на Бугарија во 864 година, Свети Климент Охридски и Свети Наум биле од големо значење за источната православна вероисповед и старословенската литургија во Првото бугарско царство.
Поврзано Старословенски јазик Словени Православие
Надворешни врски Старословенскиот јазик и македонската редакција на црковнословенскиот јазик Православни литургиски текстови на црковнословенски Библијата на црковнословенски (Викиизвор), (PDF) , (iPhone), (Android) Проблеми со компјутерска имплементација - руски Целосен руски црковнословенски речник Црковнословенска тастатура
Категорија:Словенски јазици Категорија:Православие Категорија:Старословенски јазик Категорија:Богослужбени јазици Категорија:Православна богослужба