Бигор — археолошко наоѓалиште во кичевското село Мамудовци. Претставува населба од доцноантичко време. Се наоѓа на околу 200–300 м западно од селото, во приватна нива, каде сопственикот со орањето открил темели на ѕидови. По површината има градежен материјал, тегули и имбрекси, варов малтер, камен и фрагменти од керамички садови за секојдневна употреба.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Бара — средновековна некропола; Мамудовци; Список на археолошки наоѓалишта во Кичевско;

Наводи

Категорија:Мамудовци