Манастириште — археолошко наоѓалиште во кичевското село Арангел. Претставува населба од доцноантичко време. Се наоѓа на околу 1 км јужно од селото, во приватна нива, каде во 1958 година биле откриени две мермерни плочи. Во истата и во соседните ниви по површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси, тегули и градежен материјал.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Маркулија — градиште од доцноантичко време; Меѓа — старохристијанска базилика; Старо Село — средновековна црква и некропола; Список на археолошки наоѓалишта во Кичевско;

Наводи

Категорија:Арангел (село)