Андаманско Море или Бурманско Море (; ; ) — водна површина во состав на Индискиот Океан и се наоѓа југоисточно од Бенгалскиот Залив, јужно од Мјанмар, западно од Тајланд, источно од Андаманските Острови и Никобарските Острови, и северно од Суматра и Мајалскиот Теснец.
Морето е долго 1.200 км во правец север-југ, широко 650 км и зафаќа површина од 600.000 км2. Просечната длабочина изнесува 870 м, а максималната длабочина е 3.777 м.
Просечната температура на површинскиот слој на водата во февруари изнесува 26-, а во август се искачува над 28 °C. Соленоста се колеба од 20 ‰ на север до 34 ‰ на југозапад. Замавот на морето се менува од 4,7 до 6 метри.
Главно пристаниште е Рангун.
Поврзано Андамани и Никобари Бенгалски Залив Индиски Океан Салуен
Наводи
Категорија:Мориња во Индискиот Океан Категорија:Мориња во Азија Категорија:Екорегиони во Азија Категорија:Мориња во Индонезија Категорија:Мориња во Малезија Категорија:Бенгалски Залив