Бунаричек — археолошко наоѓалиште во кичевското село Жубрино. Претставува црква од средниот век. Се наоѓа на околу 700 м северозападно од селото, на блага падина што се спушта кон полето, каде по површината се забележуваат ровови од кои биле вадени камења од темелите на средновековна црква со димензии од 8 × 6 м, поставена во правецот исток-запад.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Жубрино; Список на археолошки наоѓалишта во Кичевско;
Наводи
Категорија:Жубрино