Добра Вода — археолошко наоѓалиште во кичевското село Папрадиште. Претставува населба од доцноантичкото време. Се наоѓа над селото, каде има висок рид со доминантна положба, кој мештаните го нарекуваат уште и Св. Пантелејмон. На зарамнетиот врв се наоѓаат грамади од градежен материјал и одвај забележливи темели од одбранбен бедем.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Папрадиште; Список на археолошки наоѓалишта во Кичевско;

Наводи

Категорија:Папрадиште (Кичевско)