Раковце — археолошко наоѓалиште во кичевското село Стрелци. Претставува утврдена црква и некропола од средниот век. Се наоѓа во непосредната близина на селското училиште „Милто Гура“, каде при поставувањето на дворната ограда биле откриени темеи од објект и околу него повеќе гробови градени од камени плочи. Веројатно се работи за остатоци од црква со некропола.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Рид — средновековна црква и некропола; Црква — средновековна црква и некропола; Стрелци; Список на археолошки наоѓалишта во Кичевско;
Наводи