Општина Сопиште — рурална општина во Македонија во Скопскиот Регион. Админстративно седиште на општината е истоименото село.

Општината била по вторпат основана во 1996 година, откако дел од скопската општина Кисела Вода се отцепил. Во 2004 година, мал дел од Сопиште повторно преминал во територијата на Кисела Вода.

Сопиште зафаќа површина од 222,1 км2. Се граничи со општините Македонски Брод, Студеничани, Желино и со најголемата административна единица Град Скопје. Поделена на 13 населени места, кои сите се села. Релјефот кој влегува во територијата на општината е претежно планински, и ридски. Сопиште се наоѓа на јужната страна на планината Водно. Географски, територијата на општината е карактеризирана претежно со шуми, ливади, полиња, пасишта, карпи и мал број на пештери.

Во Сопиште живеат околу 6 илјади жители, а густината на населението зафаќа околу 25 жители/1 км2. Мнозинството од населението се Македонци и Албанци, кои зафаќаат околу 90% од населението. Останатиот дел се Турци, Срби и Власи. Службените јазици на општината се македонскиот и албанскиот.

Градоначалник на општината е Јане Мицевски, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, кој стапил на должноста по локалните избори од 2025 година. Општинскиот совет е составен од 11 члена.

Голем број на населени места во општината, како што е селото Долно Соње, постоеле од XIX век, во времето на Отоманската Империја. Во селото Говрлево се наоѓаат и археолошки наоѓалишта.

Историја 1945-1947 Месниот народен одбор Сопиште бил основан во 1945 година. Тој бил дел од Драчевската Околија, Скопски Округ, и негово составно населено место било Сопиште. Во 1947 година, според новата административна поделба, месниот одбор бил укинат и неговата територија припаднала под Месен народен одбор Ракотинци.

1996-до денес Општина Сопиште била одново создадена во 1996 година, на сметка на намалената Општина Кисела Вода . Во 2004 година, мал дел од територијата на општината, се мисли на Припор, бил припоен повторно кон Општина Кисела Вода.

Географија thumb|лево|Поглед кон областа Каршијак која претежно се поклопува со општината.

Општина Сопиште се наоѓа на јужната страна на планината Водно, на координати 42` и 20`. Прекрасен амбиент се граничи со општините Кисела Вода, Центар, Студеничани и Сарај. Патно е поврзана со пат кој доаѓа од Скопје преку скопската населба Припор и продолжува кон Батинци и Македонски Брод.

Демографија На пописот од 2002 година, Општина Сопиште има 5.656 жители (1.510 домаќинства, 3.398 станови), кои живеат во 13 населени места од збиен тип, со отсуство на класичен урбан центар.

Во општината постојат следните населени места: Сопиште (1.365 жители), Ракотинци (394), Добри Дол (431), Долно Соње (707), Горно Соње (240), Барово (24), Говрлево (31), Чифлик (664), Света Петка (718), Јаболци (44), Нова Брезница (89), Држилово (365) и Патишка Река (584).

Во минатото, поради политиката на отселување од селата, имало големо движење од селата кон градот. Денес евидентно е враќањето на населението во селата делумно предизвикано од ослабената економска состојба, но и од наметнатиот нов тренд на живеење значајна е и преселбата град-село кое население останува како постојано жителство во рамките на нашата општина со што се создаваат населби од урбан карактер.

Бројот на населението во Општина Сопиште е релативно стабилен, со тежнеење на бавен природен прираст, за разлика од високиот природен прираст од минатото, којшто денес е во постапка на опаѓање и стационарно зголемената старосна структура се должи на две одлики на населението на општината.

- висок природен прираст во четири населби од муслиманска вероисповед. - демографската стабилност на населението во некои од населбите во приградската зона на Скопје каде степенот на регресија на населението е правопропорционално со оддалеченоста од Скопската агломерација и отсуството на функционално-привлечни фактори.

Статистика Вкупно население на општината по поделбата од 2004 година изнесувало 5.656, од кои: Народност Број Удел Македонци 3.404 60,18% Албанци 1.942 34,33% Турци 243 4,30% Срби 32 0,57% Власи 4 0,07% останати 31 0,55%

Сепак, според Законот за Град СкопјеСлужбен весник 55/2004, каде биле утврдени границите на скопските општини, дел од селото Сопиште, односно местото Припор) потпаднало под Општина Кисела Вода и населението на селото било намалено од 5.325 жители.Попис на населението, 2002 на 1365Општина Сопиште: население. Тоа влијаело врз вкупното население на Општина Сопиште, и така од вкупното првично општинско население од 9.522 жители, паднало на 5.656 жители.

Народ Врој Удел Македонци 7.216 75,7% Албанци 1.942 20,3% Турци 244 2,5% Срби 58 0,60% Власи 15 0,15% останати 47 0,49%

Вероисповед Вкупно православни 6.829 муслимани 2.310 католици 6 протестанти 2 останати 375

Јазик Вкупно македонски 7.478 албански 1.944 турски 6 ромски 0 влашки 10 српски 49 бошњачки 0 останати 35

Општествени установи

Општината е неразвиена, како општествени институции се застапени: Општинска зграда Пошта Амбуланти Полициска станица Основно училиште

Самоуправа и политика

Градоначалник на општина Сопиште е Јане Мицевски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Тој бил избран на локалните избори од 2025 година за мандат од четири години.

Согласно одлука на Владата на Македонија од 27 септември 2024 година, Советот на општината брои 11 члена. Според последните локални избори од 2025 година, членовите на советот според политичката припадност за мандатот 2025-2029 се:

Наводи

Поврзано

Скопски Регион Општини во Македонија Скопје Сопиште

Надворешни врски

Општина Сопиште во „АБВ - деловен именик“ Службено мрежно место Карта на Општина Сопиште на Google Maps.