Бутин или напрсток (науч. Digitalis) — род кој се состои од околу 20 видови на растенија. Овој род традиционално бил сместен во фамилијата струпници (Scrophulariaceae), но по скорешните филогенетски истражувања, сега е преместен во фамилијата тегавци (Plantaginaceae). Води потекло од Западна и Југозападна Европа, Западна и Средна Азија, и Северозападна Африка.
Наводи
Категорија:Тегавци Категорија:Лековити растенија Категорија:Отровни растенија Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ