мини|LAWD 37, бела џуџеста ѕвезда на која и е измерена масата со микролеќи Поимот џуџеста ѕвезда се однесува на низа засебни класи на ѕвезди.

„Џуџеста ѕвезда“, кога стои само по себе, се однесува на било која ѕвезда од главната низа (сјајносна класа V). „Црвено џуџе“ е ѕвезда од главната низа со мала маса. „Жолто џуџе“ е ѕвезда од главната низа со маса слична на Сонцето. Така, Сонцето е пример за жолто џуџе. „Сино џуџе“ е ѕвезда со мала маса се претпоставува дека е облик на црвено џуџе по главната низа. „Бело џуџе“ е ѕвезда што се состои од електронски изродена материја - последна фаза од еволуцијата на ѕвездите што немаат доволно маса за да претрпат супернова од типот II (помалку од 9 сончеви маси). „Црно џуџе“ е бело џуџе што е оладено до тој степен што повеќе не оддава видлива светлина. „Кафеаво џуџе“ е подѕвездено тело кое нема доволно маса за да го врзе водородот во хелиум (помалку од 0,08 сончеви маси).

Поврзано Кафеаво подџуџе Подџуџе

Категорија:Ѕвезди Категорија:Видови ѕвезди