Арбанасинец — археолошко наоѓалиште во кичевското село Атишта. Претставува населба и некропола од доцноантичко време. Се наоѓа на околу 1 км северозападно од селото, во нивите западно од црквата „Св. Димитриј“, крај патот за селото Вранештица, каде на површина од 1 ха се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и множество градежен материјал. Според кажувањето на жителите, со земјоделските работи биле откривани гробни конструкции од камени и мермерни плочи.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано

Атишта; Список на археолошки наоѓалишта во Кичевско;

Наводи

Категорија:Атишта