Света Петка (позната и како Света маченичка Параскева) — селска црква во кичевското село Бигор Доленци, Македонија.

Црквата се наоѓа над денешната местоположба на селото Бигор Доленци и околу нејзе се наоѓаат старите селски гробишта.

Местоположба

Црквата се наоѓа во близина на некогашното село Бигор Доленци и во нејзина близина извира извор. До црквата се стигнува по земјен пат во должина од околу 4 километри, кој започнува од селото Бигор Доленци.

Историја

Храмот бил подигнат во 1858 година и била обновена во 1999 година.

Според податоците, градителите на црквата биле од селото Малкоец.

Архитектура Иконостас

Иконостасот бил изработен во 1865 година, а иконите на него се дело на познатиот Дичо Зограф, од кои некои до 2007 година биле непознати за јавноста.

Галерија

Поврзано Кичевско архијерејско намесништво Прва кичевска парохија Бигор Доленци

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Бигор Доленци Бигор Доленци Категорија:Дела на Дебарската школа