За други значења на поимот, видете ја страницата за појаснување.
Општина Бутел — општина во состав на град Скопје која се наоѓа во неговиот краен северен дел. Основана е согласно Законот за територијална поделба од 2004 година на 12 април 2005 година, а градоначалник на општината е Дарко Костовски. Бутел е четврта по големина општина во Скопје, осма по бројот на жители, а произлегла од територијата на Oпштина Чаир во 2005 година.
Географија Општина Бутел е една од урбаните општини во Република Македонија. Се наоѓа во Град Скопје, во северниот дел на државата. Се граничи со Општина Чучер-Сандево, на југозапад со Општина Карпош, а на северозапад со Општина Шуто Оризари.
Демографија Општина Бутел зафаќа површина од 60,79 км2, вкупно население 36.154, а има густина на населеност од 594,73 жители/км2. Етничкиот состав на општината е следниов: Народ ВкупноУдел (%) Македонци 22.506 62,25 Албанци 9.107 25,19 Турци 1.304 3,61 Роми 561 1,55 Власи 120 0,33 Срби 1.033 2,86 Бошњаци 970 2,68останати 553 2,46
Населби и населени места Во својот состав општината опфаќа 4 села и 4 населби:
Села Љубанци Визбегово Радишани Љуботен
Населби Бутел I Бутел II Скопје Север Радишани Љуботенски Пат
Општествени установи Основни училишта:
ОУ Гоце Делчев с. Љубанци, ОУ Лиман Каба с. Љуботен, ОУ Ацо Шопов Скопје, ОУ Св. Климент Охридски Скопје', ОУ Живко Брајковски Скопје, ОУ Панајот Гиновски Скопје, ОУ Петар Здравковски Пенко Скопје,
Самоуправа и политика
Во 2017 година, општината имала вкупно 586 вработени, од кои 56 биле вработени во општинската администрација, а останатите во општинските јавни претпријатија.„Мора ли Шилегов да прима 101 нов работник, кога на располагање има 7.620?“, Скопско Ехо, бр. 75, 7.6.2018, стр. 4-5.
Градоначалник на општина Бутел е Дарко Костовски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Тој бил повторно избран на локалните избори од 2025 година за мандат од четири години.
Согласно одлука на Владата на Македонија од 27 септември 2024 година, Советот на општината брои 19 члена. Според последните локални избори од 2025 година, членовите на советот според политичката припадност за мандатот 2025-2029 се:
Културни и природни знаменитости
Редовни настани
Личности
Култура и спорт ФК Бутел KK Лирија ТКД Бутел
Иселеништво
Наводи
Надворешни врски Општина Бутел во „АБВ - деловен именик“ Службена страница на Општина Бутел