Поликарп Смирнски бил епископ на Смирна, еден од раните Апостолски отци, директен ученик на свети Јован Богослов. Напишал, и е предмет на две дела од збирот Апостолски Отци.

Годината на негово раѓање е спекулативна, и е помеѓу 69 и 81 година, како и неговото страдање, од 155 до 167. Во раното детство Поликарп останал сирак и бил изгледан од страна на некоја вдовица по име Калиста. Тој силно го поддржувал тогашниот епископ на Смирна, Свети Вукол. Вукол го ракоположил за презвитер, а пред смртта го покажал за свој наследник во Смирна. Апостолските епископи што се собрале на погребот на Вукол го хиротонисале Поликарп за епископ.

Според христијанското верување, тој бил жив изгорен во Смирна, седиштето на неговата Епископија (денешен Измир, Турција), во времето на царот Марко Аврелиј. Три дена пред смртта Св. Поликарп прорекол дека по три дена тој ќе биде жив изгорен. По три дена тој бил уапсен и запаленhttp://www.mpc.org.mk/Kalendar/prolog.asp?id=1164.

Црквата го празнува неговиот спомен на 8 март (23 февруари ст.ст.).

Наводи

Категорија:Родени во 69 година Категорија:Починати во 155 година Категорија:Православни светци Категорија:Антигностицизам Категорија:Апостолски отци Категорија:Христијански теолози Категорија:Ранохристијански маченици Категорија:Црковни отци Категорија:Грчки светци Категорија:Римокатолички светци од Анадолија Категорија:Римокатолички светци од Грција Категорија:Светци од Анадолија Категорија:Епископи од 2 век Категорија:Источнокатолички светци Категорија:Римокатолички светци Категорија:Англикански светци Категорија:Религијата во Измир Категорија:Римјани од 1 век Категорија:Римјани од 2 век Категорија:Свештеномаченици Категорија:Патристика Категорија:Црковни учители Категорија:Христијански светци од 2 век