Кржалица — археолошко наоѓалиште во кичевското село Карбуница. Претставува хеленистичка населба и доцноантичка некропола. Се наоѓа на околу 700 м североисточно од селото, во приватни ниви, каде при обработувањето на земјата се наидувало на темели ѕидани од кршен камен и варов малтер. По површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, а наместа се забележуваат и гробни конструкции од камени плочи. Според кажувањето, во еден од гробовите биле најдени меч, копје и керамички садови.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Калојанска Црква — средновековна црква и некропола; Крастица — средновековна некропола; Фрњомлака — населба од доцноантичко време; Св. Богородица — средновековна црква; Каленско Плење — доцноантичка населба; Карбуница; Список на археолошки наоѓалишта во Кичевско;

Наводи

Категорија:Карбуница Категорија:Древномакедонски гробници