Агломерација или пошироко градско подрачје е проширено подрачје на еден град што се состои од центар и извесен број приградски населби кои заедно сочинуваат непрекинато урбано подрачје. Можно е дури една агломерација да има два или повеќе центри и повеќе приградски населби (пр. агломерацијата Рур во Германија).

Појавување Основни услови за појавување на агломерација се територијалната близина на населените места и сложените многубројни врски меѓу нив (економски, социјални, транспортни, културни).

Постојат разлики во тоа како се дефинира агломерацијата во разни национални статистички, административни или географски методологии, па оттаму има и проблеми околу споредувањата. Понекогаш две населби се дел од една агломерација, понекогаш се третираат како посебни населби, а понекогаш едната се смета за сателит на другата населба.

Близок термин на агломерација е конурбација, што се однесува на споени урбани подрачја на соседни градови (пример: Есен-Дортмунд).

Меѓу најголемите агломерации во светот денес се оние на Токио, Гуангџоу, Сеул, Делхи, Мумбај, Мексико и др. Во Европа најголеми агломерации се оние на градовите Москва, Лондон и Париз.

Мегалополис Спојувањето на соседните агломерации, при што се образува многу голема урбанизирана територија, чиј број на жители надминува 10 милиони, се нарекува метрополитенска област или мегалополис. Густината на населеност кај мегалополисите изнесува најмалку 2000 лица/км2.

Поголеми агломерации thumb|350px|Поширокото подрачје на Токио има близу 35 милиони жители рангГрадДржаваБрој на жители 01 април 2011 г.Главни светски агломерацииЗабелешка1Токио Јапонија34.300.000ги вклучува Јокохама, Кавасаки и Саитама 2Гуангџоу Кина25.100.000ги вклучува Дунгуан, Фошан, Џангмен и Џунгшан3Сеул Кореја24.600.000ги вклучува Бучон, Којанг, Инчон, Сонгнам, Сувон4Мексико Мексико 22.900.000ги вклучува Нецауалкојтал (Сиудад Неца), Екатепек, Наукалпан5Њујорк САД22.000.000ги вклучува Њуарк и Петерсон6Мумбај Индија23.500.000ги вклучува Биванди, Калјан, Тан и Улхаснагар7Њу Делхи Индија24.100.000ги вклучува Фаридабад и Газиабад8Саун Пауло Бразил20.800.000го вклучува Гуарулхос9Шангај Кина18.800.00010Лос Анџелес САД18.000.000ги вклучува Риверсајд и Анахајм11ЏакартаИндонезија18.800.000ги вклучува Бекаши, Богор, Депок, Тангеранг и Тангеранг Селатан12Осака Јапонија16.800.000ги вклучува Кобе и Кјото13Каиро Египет15.400.000ги вклучува Ал-Џизах (Гиза), Хелван и Шубра ел Кеима14Москва Русија14.800.00015Истанбул Турција13.000.00016Лондон Обединето Кралство12.500.00017Париз Франција10.500.00018Чикаго САД9.700.000

Наводи

Категорија:Население Категорија:Демографија Категорија:Економска географија