Крст — археолошко наоѓалиште во кичевското село Миокази. Претставува некропола од римско време. Се наоѓа на околу 250 м западно од наоѓалиштето Градиште, на мала височинка, во приватна нива, каде во 1936/37 година сопственикот при орање открил гроб со конструкција од монолитни камени плочи. Во гробот нашол керамички сад полн со пепел и јаглен.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Градиште — населба од неолитското, железното, хеленистичкото, римско, доцноантичкото време и средниот век; Дирек — населба од римско време; Зад Чука — населба од римско време; Кале — населба од римско време; Топлец — доцноантичка населба; Миокази; Список на археолошки наоѓалишта во Кичевско;

Наводи

Категорија:Миокази