Сложена именка (сложенка) претставува именска форма што вообичаено е образувана од именски (именка, придавка, заменка, број) дел, а може да има и глаголски дел. Во литературниот јазик образувањето сложени именки е жив и продуктивен начин на зборообразување, односно бројот на таквите именки постојано се зголемува, посебно со позајмувањата од меѓународната терминологија (картографија, минералогија), како и оние што претставуваат наследство од црковнословенскиот јазик (милосрдие, благодарност).Блаже Конески, Граматика на македонскиот литературен јазик, “Култура“ 1987, Скопје, стр. 292
Од аспект на лексиката, за сложена именка може да се зборува ако зборовите од кои таа е составена можат да се одделат и понатаму да го имаат сопственото значење, како на пример ороводец - оро и водач (водење).
Составните делови во сложените именки се поврзуваат на два начина: или со составните вокали е и о (североисток, очевидец, водомер, земјоделец), или со непосредно срастување (виножито, дрворед, стонога).
Наводи
Категорија:Именки