Вилијам (Вилијам Артур Филип Луис, роден на 21 јуни 1982 година) — принц од Велс и престолонаследник, најстариот син на британскиот крал Чарлс III и неговата поранешна сопруга Дијана.

Тој се образуваше во четири училишта во Обединетото Кралство и се здоби со диплома од универзитетот Свети Ендруз. Дел од неговата слободна година тој помина во Чиле, Белиз и држави во Африка, најмногу во Кенија каде што тој имаше живеено и неколкупати одено на одмор. Принцот Вилијам исто така имаше студирано Кисмахили на универзитетите во Кенија и Танзанија. Тој беше овластен во поручник во Блуз енд Ројалс служејќи заедно со неговиот брат Принцот Хари и две години подоцна, го заврши тренирањето како пилот во Кралскиот воздухопловен колеџ Крнавел. Во 2009 година, принцот се префрли во Кралските воздухопловни сили, беше унапреден во капетан на воздухопловната единица и подложен да се обучува за летање со хеликоптер со цел да стане редовен пилот за Спасителните сили. Во есента 2010 година, тој ги заврши општите обуки за хеликоптер и продолжи во RAF Valleyon број 22. Принцот Вилијам се ожени со својата долгогодишна девојка, Кетрин Мидлтон, на 29 април 2011 година во Вестминстерската опатија. Неколку часа пред неговата венчавка, принцот Вилијам беше назначен за војвода од Кембриџ. Се стекнал со титулата војвода од Корнвол кога татко му станал крал во 2002 г., а следниот ден е прогласен за принц од Велс.

Животопис

Принцот Вилијам е роден во болницата „Св. Марија“ во Лондон на 21 јуни 1982 година. Тој беше крстен во Музичката соба во Бакигемската палата на 4 август 1982 година (на 82-от роденден на неговата баба од татко му, кралицата Елизабета т.е мајката кралица) од тогашниот надбискуп Роберт Рунс. Кумови на Вилијам беа поранешниот крал Константин II од Грција (неговиот братучед од татко му), принцезата Александра (неговата братучеда од татко му), војвотката од Вестминстер леди Сузан Хусеј, Ромсеј (неговиот братучед од татко му) и г-дин Лоренс ван дер Пост. Тој беше наречен по принцот Вилијам од Глостер, 7 години постариот братучед на татко му и личен херој, којшто починал во 1972 година во авионска несреќа, поради прегревање на моторот.

Како машки внук и наследник на Суверена и син на принцот од Велс, титулата на Вилијам е "Неговото Кралско Височество 'Принцот Вилијам од Велс, иако тој беше наречен "Вомбат (австралиски торбар) "од страна на неговите родители или "Вилс "( име измислено од страна на печатот со кој тој сè уште е познат во јавноста). Беше објавено дека, на возраст од седум, принцот и рекол на мајка си дека посакува да биде полицаец кога ќе биде постар, така што ќе биде во можност да ја заштити мајка си; и на тоа неговиот брат одговорил: "О, не, не можеш. Ти мора да бидеш крал". Првото појавување на Вилијам во јавноста беше на 1 март 1991 година (на Свети Давид), за време на официјалната посета на неговите родители во Кардиф. По пристигнувањето со авион, принцот бил однесен во катедралата Ландаф, каде што се потпишал во книгата за посетители, на тој начин покажал дека е левак. На 3 јуни 1991 година, Вилијам беше примен во кралската болница Беркшир откако бил случајно погоден во челото од страна на колега во голф-клубот. Принцот не ја изгуби свеста, но страдаше од фрактура на черепот и беше опериран во болницата Great Ormond Street, што резултираше со постојана лузна. Во интервју во 2009 година, тој ја нарекол оваа лузна "Хари Потер лузна ". Тој соопштил дека: "Јас ја нареков (лузна), затоа што таа свети понекогаш и некои луѓе го забележуваат тоа, но понекогаш не ја ни забележуваат воопшто.

Дијана сакаше нејзините два сина Вилијам и Хари да имаат поголем спектар на искуство од претходните кралски деца. Дијана ги одведе Вилијам и неговиот брат Хари во Дизни и МекДоналдс. Во замена за тие да ги посетат клиниките за СИДА и засолништата на бездомниците. Таа исто така им купи типични тинејџерски работи, како што се видео игрите. Дијана, принцезата од Велс, која што тогаш беше разведена од принцот од Велс почина во сообраќајна несреќа во 1997 година. Вилијам заедно со неговиот брат и татко останаа во замокот Балморал таа ноќ, и принцот од Велс почека сè до наредното утро за да им каже на синовите за смртта на мајка им. На погребот на мајка им, Вилијам беше придружен од неговиот татко, брат, дедо му (од страна на татко му) и вујко му (од страна на мајка му) одеше позади погребалната поворка од палатата Кенсингтон до Вестминистерската опатија.

Образование

Вилијам се образуваше во независни училишта, почнувајќи од детската градинка Џејн Мајнорс и пред-подготвителното училиште Ветхерби, и двете училишта во Лондон. После ова, тој одеше во училиштето Лудгроф близу Вокинхам и во летниот период земаше приватни часови од Рори Стујарт. Во Лудгроф тој учевствуваше во фудбал, но исто така и во пливање, кошарка, пукање во гулаби и крос-кантри трчање. Вилијам се подготви за приемниот испит на Итон колеџот и беше примен. Таму тој студираше географија, биологија и историја на уметност на А-ниво, постигнувајќи оценка 5 по географија, 3 по биологија и 4 по историја на уметноста. Во Етон тој продолжи да игра фудбал како капитен на домашниот тим и започна и со ватер поло. Одлуката да се испрати Вилијам во Етон беше против семејната традиција наместо во Гордонстоун (дедо му на Вилијам, татко му, двајцата чичковци и двајцата братучеди одеа во Гордонстоун), меѓутоа Принцот одеше по стапките на семејството Спенсер, бидејќи татко и и брат и на Дијана се школувале во Етон. Беше договорено помеѓу Кралското семејство и таблоидите дека ќе му биде дозволено на Вилијам да студира без упад на папараците во замена за редовно ажурирање на живот на принцот. Тогашниот претседател на прес комисија за жалби Џон Вакехам, изјави во договорот: “ Принцот Вилијам не е институција, ниту ѕвезда од сапуница, ниту фудбалски херој. Тој е момче, во следните неколку години, можеби во најважниот и понекогаш најболниот дел од неговиот живот, тој ќе порасне и ќе стане маж.”

По завршувањето на неговите студии во Етон, Принцот зеде слободна година, поминувајќи дел од неа тренирајќи во Британската армија во Белиз, работеше во јужниот дел на Чиле. Како дел од интернационалната програма во градот Тортел, Принцот живееше со други млади наставници, делејќи ѓи и заедничките домаќински задолженија, вклучувајќи го и чистењето на тоалетот, и исто така волунтираше како гостин презентер во локалната радио станица.

До 2001 година, Вилијам се врати во Обединетото Кралство и се запиша под името Вилијам Велс во Универзитетот Свети Ендрујс. Новостите за ова предизвикаа зголемување на бројот на апликации во Свети Ендрујс, најмногу од млади девојки коишто чекаа можност за да го запознаат Принцот. Големото внимание не го одврати, напротив, и тој се запиша на часовите по историја на уметност, подоцна го смени неговиот главен предмет во географија, и сакаше да добие шкотска диплома на уметностите за втора класа почести во географијата-најдобар степен за наследникот на престолот на Велика Британија и Комонвелтот царствата. Додека беше на факултет, Принцот Вилијам исто така ја претставуваше шкотската универзитетска ватер поло екипа на натпреварот во Селтик во 2004 година. Тој беше познат како “ Стив ” од другите студенти за да ги избегне новинарите и за да не го откријат неговиот идентитет.

Кралски должности и кариера

Вилијам почна да ги придружува неговите родители на официјалните посети уште како мал. Неговата прва кралска турнеја во странство беше со неговите родители во Австралија и Нов Зеланд во 1983 година, одлука донесена од Принцезата од Велс која што се сметаше дека е несоодветна, не само што Вилијам беше многу мал, туку и што двајцата првиот и вториот од линијата за наследување на престолот ќе патуваат заедно. Како и да е, тој беше придружуван или од двата родитела или од неговиот татко на последователните престои, и по дипломирањето на универзитетот, започна сам да се обврзува.

Воена кариера

Воена обука и назначувања

Откако одлучи да има воена кариера, во октомври 2005 година Вилијам присуствуваше четири дена во Regular Commissions Board на Westbury во Вилтшир, каде што тој беше подложен за да ја судат неговата способност за да стане офицер. Тој ја помина селекцијата, Вилијам отиде до Кралската воена академија Sandhurst во јануари 2006 година. Успешно завршувајќи го курсот, Вилијам дипломира на Sandhurst на 15 декември 2006 година, на дипломирањето присуствуваа кралицата и принцот од Велс, заедно со други членови на кралското семејство, и Вилијам официјално го доби својот статус на поручник на полноќ. Принцот, го прифати презимето Велс бидејќи со векови беше Кралска традиција врз основа на неговата титула, принцот од Велс. Неговиот помлад брат беше во Блуз енд Ројалс како командант во извидувачката единица, и таму тој помина четири месеци обука во Бовингтон кампот, Дорсет.

Кралски должности

На 21 годишна возраст, принцот Вилијам беше назначен за советник на државата, и ја започна својата кралска должност кога кралицата беше во странство за да присуствува на владината седница за шефови на Комонвелтот во 2003 година, во Нигерија. За својот 21 роденден, Вилијам исто така го придружуваше татко му на кралската турнеја во Велс, каде што го посетија Anglesey Food Fair и отворија центар за бездомници во Њупорт. До јули 2005 година, тој беше сам на својата прва турнеја во странство, патуваше во Нов Зеланд, во име на неговата баба во нејзината улога како Кралица на Нов Зеланд, во чест на учествувачите во Втората светска војна. За 30-годишнината од добротворноста на неговиот татко, The Prince’s Trust, Вилијам и неговиот брат беа интервјуирани заедно за првпат од Ant & Dec. Во јули 2007 година, принцот Вилијам го придржуваше братучед му од неговата баба Војводата од Кент, кој е претседател на Извидничката асоцијација во Велика Британија, на отворањето на 21-от извиднички Собор, на славењето на стогодишнината од основањето на Извидничкото движење. Беше речено во 2007 година во биографијата на Тина Браун за Дијана, принцезата од Велс, дека Принцот Вилијам, како и неговиот татко, изрази желба да стане генерал-гувернер на Австралија, иако исполнувањето на идејата се смета за сомнително од страна на тогашниот премиер на Австралија Џон Хауард, кој рече: "Ние веќе подолго време ја имавме прифатено идејата дека лицето кое ќе ја заземе таа функција треба да биде австралиски државјанин".

Во 2009 година, беше формиран кабинет за Вилијам од неговата баба, и господинот Дејвид Манинг беше назначен како негов советник. Се шпекулираше кон крајот на 2009 година дека Вилијам ќе биде окупиран и зголемувањето на бројот на церемониите и државните должности на Кралицата беа одбиени од палатата.

Менинг лично го придружуваше во јануари 2010 година каде што тој замина на турнеја за Окленд и Велингтон по барање на кралицата, Вилијам ја отвори новата зграда на Врховниот суд на Нов Зеланд и беше поздравен од шефот Маори. Во март 2011 година, Вилијам го посети градот Крајстчерч, во Нов Зеланд, по неодамнешниот земјотрес, и таму се обрати на комеморацијата во паркот Хегли, во име на неговата баба. По заминувањето од Нов Зеланд, Вилијам отпатува во Австралија, каде што тој ги посети областите погодени од поплави во државите на Квинсленд и Викторија. Откако двапати ги придружуваше неговите родители во Канада, Принцот, со неговата сопруга, патуваше низ земјата и ја посети САД во јуни и јули 2011 година, присуствувајќи на прославата на Канада. На 2 ноември, принцот и принцезата го посетија УНИЦЕФ, центарот за набавка на храна за прегладнети африкански деца во Копенхаген, Данска. Во септември 2012 година, Вилијам и Катерина се упатиле во Сингапур, Малезија, Тувалу и Соломонските Острови како дел од Кралската јубилејна прослава.

На 22 јули 2013 г. принцот Вилијам и принцезата Катерина го добиле своето прво дете — Џорџ, а на 2 мај 2015 г. и второто — Шарлота. На 23 април 2018 г. е роден и вториот син — Луис.

Лични интереси