Турци држат говор на Хуриет е краток филм на браќата Милтон и Јанаки Манаки од 1908 година во времетраење од 2 минути. Филмот е снимен во стандард техника, без звук, во црно бела техника и 35мм филм. Еден е од неколкуте посветени на Младотурската револуција и прославите одржани во Битола по повод нејзината победаПрофил на Турци држат говор на Хуриет на МИФЦ: Значителен дел од одбележувањето на победата на Младотурската револуција, хуриетот, како и голем број манифестации одржани во Битола по тој повод, браќата Манаки забележале и на филмска лента. Врз основа на различните описи, би можеле да кажеме дека документарната целина за овој настан е поделена во шест наслови..
Кратка содржина
Снимката Турци држат говор на Хуриет е веројатно дел од извесна документарна целина на браќата Манаки посветена на Хуриетот, која, врз основа на различните описи, веројатно е поделена во шест наслови; покрај Турци држат говор на Хуриет, овде се вбројуваат и Дефиле на воен оркестар, кочии и коњаници, Манифестации (со грчки натписи), Манифестации по повод Младотурската револуција, Манифестации по повод Хуриетот, како и Парада по повод Хуриетот. Всушност, голем број манифестации одржани во Битола по повод Хуриетот, Јанаки и Милтон Манаки ги забележале на филмска лента.
Филмот е структуриран од три секвенци. Во првата, со пет кадри е прикажан еден говорник на малечка импровизирана сцена. Во втората, во два кадри се забележани членовите на дипломатскиот кор присутни на манифестацијата. Во третата секвенца, исто така во два кадра, е забележан дел од парадата одржана по тој повод.
Поврзано Браќа Манаки Дефиле на воен оркестар, кочии и коњаници Манифестации (со грчки натписи) Манифестации по повод Младотурската револуција Манифестации по повод Хуриетот Парада по повод Хуриетот
Белешки
Надворешни врски
Категорија:Филмови на браќата Манаки