Хенри Блоа (1101–1171), познат и како Хенри од ВинчестерВаков прекар имал и Хенри III., бил епископ на Винчестер во периодот од 1129 до 1171 година.

Хенри бил едно од петте синови на Стефан II Блоа и Адела Блоа, ќерката на Вилијам Освојувачот. Негов брат бил Стефан, крал на АнглијаBritish History Online: Bishops of Winchester ; accessed on 2 November 2007. Неговиот татко Стефан починал во текот на крстоносните војни, оставајќи на своето семејство огромно богатство со повеќе од 350 замоци и дворци главно на територијата на денешна Франција.

Во времето на англискиот крал Хенри I, тој бил однесен во Англија, каде станал игумен на Гластонбери. Во 1129 година станал епископ на ВинчестерPowicke Handbook of British Chronology p. 258, задржувајќи ја својата опатија во Гластонбери. За епископ бил избран истата година на 17 ноември. Во времето кога неговиот брат Стефан застанал на англискиот престол, тој станал највлијателниот епископ во црквата.

Хенри Блоа бил познат по својата страст кон архитектурата. Во текот на неговото владеење над црквата, биле изградени голем број на цркви и катедрали. Во Винчестер исто така ја обновил катедралата.

Наводи

Категорија:Епископи на Винчестер Категорија:Римокатолички епископи од 12 век Категорија:Погребани во Вончестерската катедрала Категорија:Несигурна година на раѓање