Пурпурната боја е нијанса што се добива со мешање на црвената и сината боја. Таа е секундарна боја бидејќи ја сочинуваат две бои (сина и црвена).

Во теоријата на боите, пурпурната е дефинирана како која било не-спектрална боја помеѓу виолетовата и црвената (со исклучок на самите виолетова и црвена боја). Според истата теорија, спектралните бои виолетова и индиго не се пурпурни, но сепак во секојдневната употреба тие се сметаат за такви бидејќи се наоѓаат помеѓу црвената и сината.

Во уметноста, пурпурната боја на тркалото на боите се наоѓа помеѓу магента и виолетова и нивните нијанси.

Во човечката психологија на боите, пурпурната боја се поврзува со кралските семејства и благородништвото (што произлегува уште од античко време, кога кралскaтa виолетовa боја (тирска виолетова) била дозволена само за елитите).

Наводи

Категорија:Нијанси на виолетовата боја Категорија:Нијанси на сината боја Категорија:Нијанси на црвената боја