Водолија — македонска рок група оформена 1989 година но официјално започнува во 1991 година кога го има својот прв официјален настап на Поп-Рок фест 1991 и го снима првиот официјален сингл во студиото М2 на Македонската радио-телевизија. Групaта има издадено три студиски албуми. Првите два албума се снимени во студиото на Владимир Петровски - Картер од Бадмингтонс а третиот албум е снимен во студиото на фронтменот на групата Водолија Ристо Апостолов. Тие трипати учесвува на Националникот избор на песна за Евровизија -Скопје фест 2009 со песната (Мојот Тв), Скопје фест 2010 со песната (Солза) и Скопје фест 2011 со песната (Не враќај се). Автор на музиката и текстовите на песните е фронтменот Ристо Апостолов.

Во јуни 2010 одржуваат акустичен концерт во просториите на Македонската радио-телевизија на кој ги свират песните од третиот студиски албум. Во октомври 2010 концертот се емитува на првиот канал на МТВ.

Во ноември 2011 година тие се добитници на наградата за најдобра продукција со песната (Ти не си). Автор и музички продуцент на песната е фронтменот на Водолија Ристо Апостолов а во 2012 ја претставуваат Македонија на интернет фестивалот INFE VISION 2012 во организација на интернационалните евровизиски обожаватели со песната (Мојот ТВ)

На 23ти и 24ти август 2013 тие настапуваат на Охрид фест 2013 со песната (Радост и бол) Автор на истата е фронтменот на групата Ристо Апостолов.

Дискографија Синглови Небесен свод - 2024 Поведи ме - 2023 Страст - 2022 Полна со магија - 2020 Само еден - 2019 Љубовна песна - 2017 Кога и како - 2016 Одам напред - 2015 Се што ми треба - 2015 Како од бајки - 2015 Радост и бол - 2013 Не враќај се - 2011 Солза - 2010 Мојот ТВ - 2009 Сеќавања - 2008 Ти не си - 2007 Измислен од бајки - 2006

Албуми Љубов или Страсти - 1996 (Касета) Хазард - 1997 (Касета) Се што е свето - 2009/2010 (ЦД) Водолија - Колекција на синглови - 2025 Дигитално издание

Музички изданија од Водолија може да се најдат на ВБУ Музички Регистар

Надворешки врски “Водолија - Колекцијата на синглови” Nebesen svod - Vodolija Небесен свод Поведи ме Страст „Водолија“ со сета сласт се’ уште ви ја нуди старата добра рок ен рол -„Страст“ (ЛИРИК ВИДЕО) “Страст” е нешто ново од “Водолија” „Полна со магија“ е новиот сингл на Водолија! „Само еден“ нова песна на „Водолија“ „Водолија“ потсетува дека овој живот е – „Само еден“ (ВИДЕО) Водолија имаат нова љубовна песна Водолија – „Кога и како“ (ВИДЕО) „Водолија“ прашуваат „Кога и како?“

ВИДЕО: Водолија се’ уште „оди напред“! Сè што ви треба е „Сè што ми треба“ од Водолија Групата „Водолија“ со нова песна и спот

Категорија:Појавено во 1991 година во Македонија Категорија:Македонски алтернативни рок групи Категорија:Музички групи основани во 1991 година