Зомби (множина: зомбија;Разговорно може и: зомбиња. хаитско-креолски: zonbi; Северен Мбунду: nzumbe) — поим со кој се означува мртовец оживеан по магичен пат, како на пример со помош на вештерство. Преносно се користи за да се означи човек под хипноза, несвесен, но кој сепак може да се движи и да реагира на надворешните дразби. Од крајот на XIX век, терминот зомби станал популарен посебно во Северна Америка и во европскиот фолклор.
Зомбијата се многу популарни во современата фантастика на ужасите, главно поради успехот на филмот „Ноќта на живите мртовци“ од 1968 година на Џорџ А.Ромеро кој придонесе ликот на зомби да се искористи како главна тема во разни книги филмови и телевизиски емисии. Зомби-фантастиката во моментот претставува значителено важен хорорски под жарн во која најчесто се опишуваат настани поврзани со истребувањето на цивилизацијата поради тоа што повеќето од населението се претвораат во зомбија што јадат човечко месо. Чудовиштата најчесто се крволочно жедни по човечкото месо, но особено омилен им е човековиот мозок. Понекогаш самите зомби се жртви на измислена пандемска болест која ги воскреснува мртвите или пак ги принудува живите да се однесуваат на тој начин, но најчесто причината поради која настанала болеста не е дадена во приказната.
Религија Западноафриканска вуду-религија
Според принципите на западноафриканската вуду-религија мртов човек може да биде оживеан само од бокор или од волшебник. Зомбијата се управуваат од страна на бокорот, бидејќи тие не се во состојба свесно да донесуваат одлуки. Исто така поимот зомби е и другото име на вуду-змијата Ива Дамбала Ведо, поимот е од нигерско-конгоанско потекло и е доста сличен на поимот нзамби во конгоанскиот киконго јазик, кој значи Бог. Во рамките на западно–африканската вуду-традиција постои астралното зомби, дел од човековата душа заробен од бокорот што тој ја користи со цел да ја зајакне својата моќ. Астралното зомби вообичаено се чува во шише коешто бокорот може да го продаде на своите клиенти како амајлија за среќа, излекување од различни болести и успех во работата. Постои верување дека по некое време Бог ќе ја земе душата назад, и поради тоа зомбито е привремно духовно битие.*McAlister, Elizabeth. 1995.“ A Sorcerer's Bottle: The Visual Art of Magic in Haiti.” In Donald J. Cosentino, ed., Sacred Arts of Haitian Vodou. UCLA Fowler Museum of Cultural History, 1995: 304–321.” Исто така според една вуду легенда се вели дека ако зомбите се хранат со сол тие самите ќе се вратат во своите гробови.
Вуду-религијата во Хаити Во 1937 година, додека го истражувала фолклорот во Хаити, Зора Нејл Хурстон се сретнала со случајот на една жена која се појавила во селото. Нејзиното семејство твредло дека таа жена била Фелисија Феликс — Ментор, која што била почината и закопана во 1907 година на возраст од 29 години. Хурстон ги следела гласините дека погодените лица биле под дејство на силни психоактивни дроги, но таа не била во можност да ги пронајде луѓето кои можеле да ѝ дадат повеќе информации. Таа напишала:
Неколку децении подоцна Харвардскиот етноботаничар Вејд Дејвис во своите две книги: „Змијата и виножитото“ (1985) и „Патувања низ темнината: Етноботаниката на Хаитските зомби“ (1988) го претставил фармаколошкиот случај за зомбите. Дејвис допатувал во Хаити во 1982 година и како резултат на неговите истражувања тврдел дека жив човек може да се претвори во зомби со навлегување на два специјални прашоци во крвта најчесто преку отворена рана . Првиот coup de poudre во чиј состав се наоѓа тетродотоксин, моќен и честопати фатален нервотоксин. Вториот прав кој се состои од разложени лекови како што е биволчето. Заедно овие честички предизвикуваат состојба слична на мртовец во која волјата на жртвата целосно ќе биде подложна на бокорот. Дејвис исто така ја популаризира и приказната за Клариус Нарцис кој тврдеше дека станал зомби со примање на лекови.
Процесот опишан од страна на Дејвис е почетна состојба на смртта како исчекување, по што следи повторно будење вообичаено откако тој беше закопан во психотична состојба. Психозата предизвикана од дрога и психолошка траума беше хипотеза од Дејвис за да ги поткрепи културно-научените верувања и да го предизвика поединецот да го реконструира својот идентитет како оној на зомбито, се знае дека тие се мртви и немаат друга улога во општеството на Хаити. Во 1988 година според книгата на дејвис Змијата и виножиото беше снимен серијалот хорор-филмови на режисерот Вес Крејвен Кошмарот во улицата на брестовите ,сепак содржината на книгата значително се разликувала од содржината на самата книга . Тврдењата на Дејвис се доста критикувани особено оние кои тврдат дека хаитските вештерки –докторки можат да ги задржат зомбите во состојба на индуциран фармаколошки транс многу години. Симптомите на труење од тетрдотоксинот се разновидини од вкочанестост и гадење , парализа ,особено на мускулите на дијафрагмата , несвест па сè до смрт , но тие не вклучуваат тетеравење ниту пак транс кој наликува на мртвите . Според психологот Теренс Хејнс научната заедница го отфрла тетродотоксинот како причина за оваа состојба, а проценката на Дејвис за тоа како се однесуваат зомбите на Хаити се смета за премногу лековерна.Hines, Terence; "Zombies and Tetrodotoxin"; Skeptical Inquirer; May/June 2008; Volume 32, Issue 3; Pages 60–62.
Шкотскиот психијатар Р.Д. Ленг ја истакнува врската помеѓу социјалните и културните очекувања и принудувања во проучувањето на шизофренијата и другите ментални болести укажувајќи на тоа дека шизогенезата има допирни точки со некои психолошки аспекти на зомбификацијата.
Јужна Африка Во некои заедници во Јужна Африка се верува дека само мртов човек може да биде претворен во зомби и тоа од страна на некое дете. Се вели дека магијата што ја фрлило малото дете може да ја раскине само доволно моќен сангома.
Зомбите во уметноста и во популарната култура Зомбите редовно се среќаваат во фантастичните филмови и претстави како и филмови и претстави со хорор-содржини. Уште од 1929 година, со појавата на романот „Магичниот остров“ на Вилијам Сибрук, зомбите станаа дел од американскиот говор. Од 2009 година, зомбите почнаа да ја загрозуваат популарноста на вампирите во поп-културата.
Филм Зомбите се јавуваат како честа тема во хорор-филмовите снимени по Втората светска војна. Еден од поуспешшните филмови со ваква тема е „Карневал на душите“ од 1962 година, кој подоцна извршил големо влијание врз овој жанр.IMdb Carnival of Souls (1962) (пристапено на 10 јули 2018) Првично објавен во 1968 година, филмот Ноќ на живите мртовци (филм) го претставува концептот на однесувањата на зомбите подобро од кое било литературно или филмско дело пред неа."Mumble-Jumble" , Тајм, 9 September 1940. Во овој филм делумно е објаснета причината за реанимација на зомбите (зрачење од вселенскиот брод).
Во популарната култура, зомбите типично се претставени како безумни, несмасни мртовци кои се распаѓаат, жедни за човечко месо или мозок. Сепак, во неодамна снимените популарни зомби-филмови се забележува значително зголемување на нивните способности за што сведочат следниве филмови: „Колин“, „28 дена подоцна“ и во филмот од 2004 година „Будењето на мртвите“. Концептот на модерните зомби е тесно поврзан со Акаполипса на зомбите, истребување на општеството како резултат на зараза. Научникот Ким Пафренрот изјавува дека зомбите се целосно и буквално акаполиптични повеќе од кое било друго чудовиште, тие се сигнал за крајот на светот.
Публикации и литература Иако зомбите се појавуваа во многу книги пред и по појавувањето на „Ноќта на живите мртовци“, сепак дури во 1990 година, со објавувањето на антологијата „Книга на мртвите“ во која се опишани приказните на Ромеро инспирирани од приказните на Стивен Кинг и други автори, зомби-фантастиката доби статус на посебен книжевен поджанр. Во 2005 година, романот „Возвишување“ на Брајан Кин ја добива познатата награда „Брам Стокер“.
Неодамна публикуваните попознатите книги со зомби-тематика се „Клетка“ од Стивен Кинг од 2006 година и „Светска војна З“ од Макс Брукс кои се вброија во бестселерите на Њујорк Тајмс. Брукс е автор и на култниот хит „Водич за опстанок на зомбите“, исцрпно истражуван водич во кој се опишани начините на кои зомбите преживуваат, публикуван во 2003 година.
Зомбите се искористени како главен мотив во десетици романи и стрипови. Како и вампирите и другите измислени суштества така и прототипот на зомби се распространува насекаде низ светот.
Телевизија Еден од најпознатите телевизиски настап со зомби тематика е „Трилер“ на Мајкл Џексон од 1983 година , краток филм и музички спот во режија на Џон Лендис. Песната е придружена со рап пеење од страна на Винсент Прајс добро познатиот глас од хорор-филмовите и ѕвезда од погореспоменатиот филм „Последниот човек на земјата“. Трилер е еден од најпопуларните музички видеа на сите времиња, филмска пародија со хорор-содржина во која е прикажан кореографскиот зомби-настап на танчерите и Џексон облечени како зомби. Многу медиуми во поп културата како и многу зомби-филмови како што е Ноќта на живите мртовци 2 му оддадоа почит на оваа сцена и го сместија Трилерот на Мајкл Џексон во историјата на зомбите.
Научно фантастичните серии како што се „Бафи убиецот на вампири“ и Досие Х понекогаш ги вметнуваат зомбите како дел од нивните научно фантастични /хорор-содржини.
Ширењето на зомби-епидемиите во стилот на Ромеро честопати се дел во голем број амимирани шоуа како на пример во „Ноќ на вештерките“ во Симпсонови, Саут парк, и Освојувачот Зим. На Далечниот Исток зомбите исто така се неодминлив дел на анимираните филмови , како што се: самураи Champloo , Токио Majin Gakuen Kenpucho, YuYu Hakusho и многу други во и надвор од рамките на хорор-жанрот.
Игри Зомбите и вампирите се доста популарна тема во видео игрите особено во игрите каде што едно лице ги доживува дејствата преку очите на главниот лик и во игрите каде што се прифаќаат одредени улоги. Попознати видео игри од оваа област се: серијата Притаено зло, Воздигање на мртвите, Куќата на мртвите, Карнивл, Лефт 4 дет. Една од најпопуларните игри од ваков тип ,со околу 30.680 посети на ден е масовно играната игра на интернет „Урбански мртов“ со слободно –мрежен прелистуваж на играта во која зомбите и преживеаните се обидуваат да воспостават контрола врз еден руиниран град. Некои од игрите дури му дозволуват на играчот да ја игра улогата на зомби како на пример Зомбито Стабс во играта Бунтовник без пулс. Најчесто во овие игри зомбите се отпорни на повеќето напади освен на траумата на главата (која во истиот тој момент ги уништува зомбите). Зомбите исто така се дел од играта „Сага суперстар тенис“, во делот каде што играчот мава тениски топчиња по зомбите со цел да ги уништи.
Концептот на инфицирани мртви се појавува често во видео игрите меѓутоа тоа не мора да значи дека тие мртви мораат да бидат само инфицирани луѓе. Ликот Флод од играта Хало како и Хедкраб од играта Хафлајф се зомби вонземјани кои имаат способност да ги убијат своите противници и опседнуваат нивните тела .
Надвор од видеоигрите, зомби-тематиката се среќава и во многубројните игри со карти како што се : прибирањето на Магија, играта Зандани и џинови , и играта Зомби. Играта „Луѓе наспроти зомби“ е многу популарна зомби тематска акциона игра која се игра во живо во колеџ кампуси ширум светот.
Музика