Овен Тјудор ( - ) бил англиски војник, најмногу познат по тоа што бил татко на англискиот крал Хенри VII.

Бил роден како втор син на Овен Тјудор и Катерина Валоа, вдовица на англискиот крал Хенри V. Денеска не е познато дали тој е роден пред или по склопувањето на брак на неговите родители. Неговиот полубрат Хенри VI му ја дал титулата Ерл од Ричмонд во ноември 1452 година.

На 1 ноември 1455 година се оженил за лејди Маргарита Бофорт. Во текот на Војната на розите, тој бил заробен од страна на поддржувачите на династија Јорк и затворен во јужен Велс, каде на 1 ноември 1456 година починал. Неговото дете, идниот Хенри VII се родил по два месеци од неговата смрт.

Категорија:Тјудори Категорија:Династија Ланкастер Категорија:Англиски ерлови Категорија:Ерлови од Ричмонд Категорија:Англичани од 15 век Категорија:Родени во 1430 година