мини|Поглед на населбата Кисела Вода, 1964 мини|десно|Кисела Вода во рамките на Општина Кисела Вода. Кисела Вода — населба во Скопје. Оваа населба е една од поголемите населби во Општина Кисела Вода што зафаќа површина од 43 км2 и има население од 58.216 жители, од кои 50.702 се Македонци.
Историја Во век, селото е дел од нахијата Каршијак во Скопската Каза во Отоманското Царство.
Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото е заведено под името Екши Су и било христијанско, со 9 христијански домаќинства. На овој попис биле забележани 29 мажи христијани, со 3 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 64 жители.
Стефан Верковиќ во 1857 го бележи со 270 жители.
Население
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија во 1931 година, селото имало 100 Македонци.
Според последниот попис на населението на Македонија од 2021 година, Кисела Вода има 51.357 жители.
Следува табела на народносната структура на населението:
Народност Вкупно Македонци 43.774Албанци 233Турци 292Роми 320Власи 616Срби 896Бошњаци 216Други5.010
Потекло на името Месноста е наречена по изворот што постоел на местото каде што денес стои црквата „Св. Никита“.
Според преданието, кон крајот на XVIII век во овој крај се населил Усеин-бег, кој тука направил цветни градини. Бегот бил слеп, и при една прошетка низ чифликот застанал да се измие од водата и прогледал. Тогаш местото го прогласил за свето и не го давал за јавна употреба сè до неговото заминување, кога им го подарил на селаните за тука да изградат црква.Во Кисела Вода извирала лековита вода, Вест
Галерија
Личности
Љубомир Акимовски (1961 — 2001) — македонски бранител Драганчо Илиевски (1969 — 2001) — македонски бранител Игор Костески (1975 — 2001) — македонски бранител
Поврзано Општина Кисела Вода Скопје
Наводи
Надворешни врски Официјално мрежно место
Категорија:Општина Кисела Вода Категорија:Населби и маала во Скопје