Јен (ISO 4217: JPY, бројчен код: 392) е валута што се користи во Јапонија. Таа е широко распространета како резервна валута, слично на доларот и еврото. На јапонски се изговара како „ен“. Латиничниот симбол за јенот е ¥, додека на јапонски се означува со писмото канџи 円.
Историја мини|лево|1 јен 1889 година, цар Муцухито. Сребро. мини|лево|Монета од 10 јени (задна страна) мини|лево|Банкнота од 1000 јени со портретот на Нацуме Сосеки. Новите банкноти на јенот во промет се ставени на 1 ноември 2004 година Јенот како платежно средство е воведен во периодот МејџиHistory of Japanese Currency , Currency Museum, Bank of Japan. Тој го заменил комплексниот монетарен систем од Едо периодот заснован на јапонскиот мон. Во 1871 год. било прифатен децималнен систем на пресметување на јенот (1, 圓), шенот (1/100, 錢), и ринот (1/1000, 厘) со монети што биле тркалезни како оние на запад. (“Шен“ и “рин“ се исфрлени од употреба во 1954 година). Јенот официјално е дефиниран како 26.956 грама сребро.
Во периодот од 25 април 1949 до 1971 година јенот бил врзан за американскиот долар, со курс 1 долар = 360 јени. Во 1971 година дошло до паѓање на системот Бретон Вуд и јенот добил пазарен курс.
Означување Оригиналната ознака за јенот е иста како и ознаката на кинескиот јуан (圓 пинјин yuan 2). Во модерниот јапонски јазик се употребува ознаката (円). Латиничната ознака за јенот е иста како и ознаката за јуанот, со таа разлика што на ознаката за јуан се наоѓа една попречна црта, а на ознаката за јен има две.
Во буквален превод “јен“ значи „тркалезен предмет“, како и “јуан“ на кинески.
Монети и банкноти Во моментот во оптек се следните монети и банкноти: монети од 1 јен, 5 јени, 10 јени, 50 јени, 100 јени, 500 јени и хартиени пари од 1000 јени, 2000 јени, 5000 јени, 10000 јени. Монетата од 500 јени е монета со најголема вредност во светот.
Курс на јенот од 1949 година до денес Табелаtа го прикажува односот на јенот и американскиот долар.
година месец јан фев мар апр мај јун јул авг сеп окт ное дек 1949 до 1971 360 1985 216 1986 154 1987 147 1988 132 1989 140 1990 137 1991 129 1992 120 1993 106 1994 100 1995 100 1996 112 2003 118 119 120 117 110 109 107 2004 107 106 109 104 110 110 109 111 109
Наводи
Категорија:Валути Категорија:Валути во оптек Категорија:Јапонија Категорија:Економија на Јапонија